0 коментари 2 мин. читање

6 најдобри филмови од целиот свет за 2021 година, според RottenTomatoes.com

2021 година се покажа како година на впечатливи филмски остварувања, што е исклучително предизвикувачко со оглед на пандемијата која го зафати светот и протоколите кои стапија на место. Rotten Tomatoes си зема за право да ги извлече најдобрите филмови во 2021 година, според нивниот надалеку-познат Tomatometer и доколку барате нешто интересно да гледате, овие се највисоко рангираните филмови за 2021 година!


76 Days, документарец

Реален приказ за тоа како се справувале здраствените работници и пациенти во почетната борба против Covid-19 и како изгледал првиот карантин во Вухан, Кина.

Drive my Car, драма

На второ место, се наоѓа јапонска трогателна приказна за справување со огромна загуба и трнливиот пат кон само-прифаќање.

Quo Vadis, Aida?, војна драма

Босански филм за немилите случувања од 1995 година. Како ќе се справи една жена во Сребреница и дали ќе успее да спаси илјадници луѓе, без да ги ризикува животите на нејзиното семејство?

Slalom, драма

Шокантен француски филм за огромните аспирации на тинејџерката Лиз и предаторските желби на нејзиниот инструктор по скијање.

The Worst Person in the World, комедија, драма

Конечно наидовме и на една невообичаена норвешка комедија каде акцентот се става на потрагата по љубов и нејзиното вистинско значење. Преку откачени и несекојдневни ситуации, Џули ќе се потруди да се извлече од комплициран љубовен живот и да се пронајде себеси на работен план.

https://www.youtube.com/watch?v=mwPR9UeRy4Q

Luzzu, драма

Емоционално патување на малтешки рибар, доведен до исклучително тежок избор кој се заканува да го промени не само неговиот живот, туку и животот на неговото семејство. Дали да се испочитува традицијата и поштеното печалење или да започне неморална операција на црниот пазар?


Имате гледано некој од горните филмови? Кој е вашиот омилен? Кој би нѝ вие препорачале да гледаме? Кажете нѝ во коментарите!

Напишано од

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Мени
Заедница
Изглед
To top