1 коментар 4 мин. читање 28 ноември, 2021

Најдобар слободен софтвер во 2021 година

Се приближува крајот на 2021-ва година, во сегментите на комерцијален софтвер има прилично познати и глобални играчи кои доминираат, меѓутоа зголемениот број хакирања, нарушувања на приватност, па дури и константното покачување на цени, многу корисници ги натера да бараат алтернативи во софтверот со отворен код (анг. open-source). Во оваа прилика, решивме да издвоиме пет софтверски решенија кои неуморно го издржуваат тестот на времето и продолжуваат да се број еден дестинација за повеќето корисници кои практикуваат слободен софтвер.


Уредување видеа – Shotcut

По првпат за Shotcut пишувавме во 2018 година, за да одново му се навратиме и во 2020 година и да ги пофалиме значително проширените можности на овој можен уредник на видео материјали. Овој пакет од алатки и понатаму продолжува да биде апсолутен шампион за едноставно вметнување видеа, отстранување несакани делови, и широка понуда од моќни аудио и видео филтри, сè по цена од 0 денари!

Прелистување – Brave

Brave е на нашиот нишан уште од 2016 година. Заснован на Chromium, овој прелистувач за интернет ја штити вашата приватност така што автоматски деактивира тракери и огласи, а нуди и целосна интеграција со Тор. Преку Brave можете без проблем да активирате и користите какви било екстензии од Google Chrome продавницата, а доколку гледате одредени реклами добивате таканаречени Basic Attention Token, што всушност се крипто токени.

Канцелариски програми – LibreOffice

Во 2017 година, го поставивме тешкото прашање за тоа кои се најдобрите алтернативи на Microsoft Office. И тогаш, а и сега, имаме само пофални зборови за овој пакет од канцелариски алатки. Нудејќи целосна поддршка за документи, табеларни прикази, презентации, датабази, дијаграми и многу повеќе, навистина нема потреба да одите со некое комерцијално решение.

Чување лозинки – KeePass

Летово, зборувавме и за тоа колку е исклучително важно да се чуваат лозинките на правилен начин, истакнувајќи ги, притоа, потенцијалите на алатката KeePass. Доколку имате бројни акаунти и еден куп тешки лозинки за паметење, KeePass е управител кој не ги чува лозинките онлајн, туку ги складира во датабаза која е во вашиот компјутер.

Управување со фотографии – GIMP

Кога во 2019 година размислувавме за тоа кои се најдобри начини за отстранување флеки и дамки од фотографии, како првата апликација на која нѝ текна беше Gimp. Оваа моќна алатка за уредување фотографии, седи самоуверено на тронот уште од далечната 1996 година и постојано се надградува од заедницата со лепеза од корисни опции. На располагање имате вградена поддршка за слоеви, филтри и автоматско подобрување на фотографиите.

Ги користите ли алатките кои ги споменавме погоре? Мора да ја пропуштивме вашата омилена, кажете нѝ ја во коментарите!

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
goramn
goramn
4 years ago

Наредно: „Најдобар слободен софтвер за Андроид и Ајоес во 2021ва“. :)

Мени
Заедница
Изглед
To top