Плаќање со крипто: хрватски Конзум пионер, македонските угостители бараат поддршка

Хрватскиот ланец на маркети Конзум од 1-ви декември на своите купувачи им овозможи плаќање со криптовалути. Ова е првиот ланец маркети за малопродажба во Хрватска, кој овозможува купување на производи со криптовалути и една од ретките продавници во регионот во кои ќе може да се користат криптовалути.

Ланецот на маркети Конзум е основан во 1957 година во Загреб. Таа година е отворена и првата продавница во градот. Во 1970 со спојување на четири ланци на маркети Чрномерец, Конзум, Мославка и Славонија е креиран Униконзум – најголем ланец на маркети во Хрватска. Во 1995 година компанијата го враќа името Конзум.

Конзум е дел од Фортенова групацијата која е најголем производител на храна во регионот.

Засега купувањето со криптовалути е единствено достапно на купувачите кои производите ги порачуваат онлајн. Плаќањето со криптовалути се овозможени во соработка со хрватската финтек компанија Електрокоин (Electrocoin). Плаќањето е достапно со bitcoin (BTC), ether (ETH), bitcoin cash (BCH), EOS, DAI, ripple (XRP), stellar lumen (XLM), tether (USDT) и USDC.

„Плаќањето со криптовалути засега е достапно во нашите онлајн продавници, но наскоро планираме да го додадеме и во продавниците во државата“, велат од Конзум.

Начинот на плаќањето со криптовалути е сличен како и плаќањето со картички, со тоа што додадена е една дополнителна функционалност за безбедност. Бидејќи вредноста на криптовалути брзо се менува, системот за плаќање PayCek ја фиксира вредноста на криптовалутите од почетокот до успешно завршување на трансакцијата.

Македонските угостители бараат воведување криптовалути

Раздвижување кај криптовалутите има и во Македонија, Независната угостителска комора заедно со своите балкански колеги побара издавање на нов, глобален крипто-токен кој ќе им помогне за прибирање на финансиски средства по тешката состојба предизвикана од глобалната пандемија. Иницијативата веќе е испратена до премиерот, Народната банка, министерствата за финансии и економија, Управата за јавни приходи и Централниот регистар.

Комората бара креирање на законска рамка која ќе овозможи алтернативни начини за финансирање во секторот погоден од пандемијата. Дел од барањата подразбираат законско решение кое ќе овозможи регистрација на крипто менувачници, издавање на македонски крипто-токени и поставување на крипто банкомати.

Целта на овој, но и на потегот на Конзум е привлекување и олеснување на купувањето за туристите. Во случајот на Независната угостителска комора идејата е Македонија и Балканот да се промовираат како идната туристичка крипто дестинација.

НУК изминатиот период барајќи примери во разни земји за начини на користење и употреба на крипто средства во угостителската индустрија ги разгледуваше можностите и начините за користење, трговија и издавање на крипто средства кај македонските угостители. Преку концепт на проект-модел на работа со крипто средства усогласен со ЕУ регулатива запазувајќи ја и постојната домашна регулатива НУК планира да имплементира и овозможи инвестиции и законско тргување со крипто валути преку овластена македонска крипто менувачница со можност на онлајн купување и продавање крипто средства со целосна евиденција на паричниот тек заради евиденција на даночните обврски кои произлегуваат од работењето со крипто средства.

Први чекори за прифаќање на криптовалути

Регионот полека ги прави првите чекори за прифаќање на криптовалутите, главно придвижуван од напорите во Хрватска и Словенија. Сепак државите и пошироко се далеку од целосно прифаќање на криптовалутите. Единствена држава која ја изедначи својата валута со криптовалути досега е Ел Салвадор. Централноамериканската држава започна со првите тестови за користење на криптовалути во 2019 година, а од септември на цела територија на Ел Салвадор законско платежно средство е и биткоин.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] ја претстави својата иницијатива со која со помош на криптовалути ќе се бара решение за тешката финансиска состојба во која се наоѓа […]

види ги сите огласи на kariera.it.mk