25 игри кои ќе излезат во декември!

Во поглед на нови игри, декември и јануари отсекогаш се сметале за „мртви“ месеци, каде гејмерската индустрија дава предност на негување на празничното расположение и одмори. Годинава можеби работите и не се така црни, а месецот декември ќе ги отвори портите на 25 игри. На наша голема радост, поголемиот дел од нив делуваат исклучително забавни! Некои од нив со нетрпение ги исчекуваме исклучително долго време (гледаме во тебе Halo Infinite).

25 игри кои ќе излезат во декември

  • ANVIL: Vault Breakers [PC] – 2 декември
Sci-fi шутер со rouguelike елементи и онлајн ко-оп
  • Century: Age of Ashes [PC] – 2 декември
Бесплатна мултиплеер игра каде јавате и управувате со змејови
  • Cricket 22: The Official Game of The Ashes [PC, PS5, XSX, PS4, XBO] – 2 декември
Реалистична спортска симулација за спорт кој е сè само не популарен кај нас :)
  • Solar Ash [PC, PS5, PS4] – 2 декември
Акциона авантура со платформско истражување и динамичен борбен систем
  • Warhammer 40,000: Battlesector [XSX, PS4, XBO] – 2 декември
Уште една turn-based стратегија од надалеку познатиот Warhammer 40К универзум
  • Disney Magical World 2: Enchanted Edition [Switch] – 3 декември
Дел симулација, дел авантура, одлична игра за помладата публика која се одликува со над 100 ликови од Disney универзумот
  • Happy’s Humble Burger Farm [PC, PS5, XSX, PS4, XBO] – 3 декември
Наспроти насловот, се работи всушност за хорор игра во прво лице и со силни примеси на мрачен хумор
  • Mobile Suit Gundam Battle Operation Code Fairy Volume 3 [PS5, PS4] – 3 декември
Акциона игра со мекови и впечатлива приказна за нови и постоечки Gundam фанови
  • Unreal Life [Switch] – 3 декември
Комплексна авантура со богата приказна и елементи на истражување вдомени во pixel графичко опкружување
  • Shadow Tactics: Blades of the Shogun – Aiko’s Choice [PC] – 6 декември
Самостојна експанзија на критички признаената стратегија во реално време
  • This Is The President [PC] – 6 декември
Grand стратегија која е делумно авантура, делумно визуелна новела
  • Final Fantasy XIV: Endwalker – 7 декември
Најновата експанзија за ултра-популарната ММО игра конечно доаѓа по две години исчекувања и неколку одложувања. Размислувајте озбилно за земање слободен ден!
  • Rune Factory 4 Special [PC, PS4, XBO] – 7 декември
RPG авантура со примеси од жанрови како farming sim и романтика
  • Thunder Tier One [PC] – 7 декември
Уште една пукачка игра од Top-down перспектива, со вклучен онлајн ко-оп, но и PvP мод
  • White Shadows [PC, PS5, XSX] – 7 декември
Платформер кој влеча огромна инспирација од Limbo и Inside
  • Halo Infinite [PC, XSX, XBO] – 8 декември
Дали конечно ќе ја искусиме кампањата во најновиот Halo универзум?
  • Startup Panic [PC] – 8 декември
Симулација која ќе ви покаже дека воошто не е лесно да се започне стартуп компанија или проект
  • Breakwaters [PC] – 9 декември
Акциона авантура со Survival елементи и онлајн ко-оп
  • KEO [PC] – 9 декември
Битки со деструктивни возила на феноменални стази.
  • Among Us [PS5, XSX, PS4, XBO] – 14 декември
Една од најпопуларните PC игри конечно доаѓа за конзолите
  • Firegirl: Hack ‘n Splash Rescue [PC] – 14 декември
Акционен платформер со симпатична 2.5D, pixel-инспирирана графика и roguelike елементи
  • Rogue Invader [PC] – 15 декември
Се работи за Sci-fi акциона roguelite пукачка игра во интересен црно-бел стил
  • Five Nights at Freddy’s Security Breach [PC, PS5, PS4] – 16 декември
Нелинеарна Survival хорор игра која, ако трејлерот е некаков показател, е значително поразлична од претходните игри
  • The Gunk [PC, XSX, XBO] – 16 декември
Акциона авантура од креаторите на Steamworld. Истражувајте планета полна со предизвици и решавајте најразлични загатки
  • Trash Sailors [PC] – 16 декември
Семејна игра со онлајн ко-оп за до четири играчи. Градете и управувајте со брод во предизвикувачки услови

Интересно е како излегувањето на игрите е до 16 декември. После тоа, се дава зелено светло од гејмерската индустрија и празниците може да започнат! Што би играле? Кажете нѝ во коментарите!

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk