Спонзориран текст

Сеавус Code Talks настанот посветен на Java технологиите ќе се одржи на 1-ви декември

Спонзорирано од Seavus

во Вести, Спонзорирани

Петтото Code Talks издание, оваа 2021 година, ќе се фокусира на Java технологиите, а ќе се одржи на 1 декември, од 16:30 до 18 часот. Домаќини на настанот ќе бидат експертите на Сеавус, Никола Живков – Java Technology Line Manager, кој има 18-годишно искуство во развојот на софтвер, и Кирил Арсов – Technical Lead во банкарската и финансиска дивизија на Сеавус, со над 15 години искуство во професионалниот развој на софтвер и примарен фокус на backend and core технологиите.

Во првото излагање, Кирил Арсов ќе се осврне на “Consumer-Driven Contracts”, односно договорите водени од потрошувачите, и ќе објасни дали е можно да се постигне вистинска независност на издавање во микро-услугите. Ќе се дискутира и за „моделот на еволуција на услугите” и за предизвиците во развојот на заедницата на даватели и потрошувачи на услуги.

Втората тема на настанот ќе биде “Distributed Tracing” презентирана од Никола Живков. Никогаш не е лесно да се открие кој микросервис е виновен за грешка или бавен одговор. Java Technology Line менаџерот во Сеавус ќе образложи како Дистрибуираното следење помага да ги пронајдеме грешките, да ги лоцираме тесните грла или едноставно да го разбереме текот на барањата преку дистрибуиран систем.

Овој Code Talks настан ќе заврши со панелот TheLionTalk, на кој сите учесници ќе можат да постават прашање и да добијат одговор.

Резервирајте го вашето место денес и искористете ја оваа одлична можност да научите нови работи, да ги подобрите своите вештини, да добиете одговор на сите прашања, како и да стекнете нови познанства и пријателства со некои од учесниците со кои го делите истиот интерес за финансиските иновации и новите технологии.

Seavus® е компанија за развој на софтвер и консултантски услуги со докажано искуство во успешни деловни софтверски решенија. Компанијата има над 850 ИТ специјалисти ширум светот и нуди широк спектар на софтверски производи, решенија и услуги, успешно покривајќи ги европските и американските пазари преку неколку канцеларии и претставништва низ целиот свет. Портфолиото на решенија и услуги вклучува BSS / OSS, CRM, CEM, Business Intelligence solutions, ALM, Embedded programming, business и consumer производи, мобилни апликации и gaming решенија, Managed Services, како и консултации и развој на апликации на барање на клиентите. Портфолиото се состои од голем број клиенти, вклучително и глобални телекомуникациски оператори и производители на мобилни и електронски уреди, организации во банкарскиот и финансискиот сектор, технологија, образование, здравство, итн.

Сеавус Code Talks посветен на Java технологиите, 1-ви декември 2021 година

За прашања или проблеми при пријавувањето, контактирајте нè на [email protected]

Локација: Онлајн / Пријавување: Бесплатно / Настанот ќе се одвива на англиски јазик.

Програма

  • 16.30 – 16.40
    Отворање на Сеавус CodeTalks настанот
  • 16.40 – 17.10
    На темата Договори водени од потрошувачите (Consumer-Driven Contracts) ќе зборува Кирил Арсов. Дали е можно да се постигне вистинска независност на издавање во микро-услугите? Кој е “моделот на еволуција на услугите“ и кои се предизвиците во развојот на заедницата на даватели и потрошувачи на услуги?
  • 17.10 – 17.40
    Темата Дистрибуирано следење (Distributed Tracing) ќе ја презентира Никола Живков. Никогаш не е лесно да се открие кој микросервис е виновен за грешка или бавен одговор. Дистрибуираното следење помага да ги пронајдеме грешките, да ги лоцираме тесните грла или да го разбереме текот на барањата преку дистрибуиран систем.
  • 17.40 – 18.00
    TheLionTalk панел: Прашања од публиката до говорниците. 

Говорници

Никола Живков, Java Technology Line менаџер со 18-годишно искуство во развојот на софтвер. Неговите обврски во Сеавус вклучуваат стратешко технолошко планирање, техничко усовршување на вработените, како и повремено кодирање.

Кирил Арсов, Technical Lead во банкарската и финансиска дивизија на Сеавус, со над 15 години искуство во професионалниот развој на софтвер и примарен фокус на backend and core технологиите.

* За прашања или проблеми при пријавувањето, контактирајте нè на [email protected]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Напомена:

Ова е комерцијален ПР текст закупен од страна на Seavus . IT.mk не сноси никаква одговорност за текстот и неговата содржина. Доколку сте заинтересирани да објавите промотивен текст, испратете го на [email protected]