Антонио Илиевски – Pig Hands ја доби својата прва Magic the Gathering илустрација

Пред една година еден од најголемите издавачи на друштвени игри – Wizards of the Coast, испрати понуда до Антонио Илевски, македонски графичар, попознат под псевдонимот Pig Hands. Понудата беше за цртање на Magic the Gathering карта, што е огромен чекор за сите илустратори.

Magic the Gathering e најпопуларната друштвена игра со карти. Издадена е во 1993 година од Wizards of the Coast и оттогаш на играта работеле куп талентирани уметници и илустратори. Играта е најпрепознатлива по стратешките елементи и можностите за различни начини за градење на шпилови и победа, но и по неверојатните и уникатни илустрации за секоја карта.

За соработката со Wizard of the Coast зборувавме со Антонио Илиевски.

Илустрацијата на Антонио Илиевски која ќе се појави во Magic the Gathering

Во неколку реченици кажете ни нешто за себе… Колку време цртате… Од каде пасијата за илустрации

Pig Hands е Антонио Илиевски, дипломиран графичар кој работи илустрации во традиционална техника туш на хартија.

Страста кон цртањето најверојатно е преточена од татко ми, бидејќи како голем љубител и колекционер на стрипови, уште од рана возраст ме запознава со оваа уметност и тешко да се каже, но немам сеќавања да некогаш не сум цртал.

Завршив средно уметничко и тој период бев најактивен како графити цртач, но едноставно тој медиум не ми беше доволен за израз. Така почна приказната со илустрациите во периодот за време на ФЛУ.

Неодамна објавивте дека Wizard of the Coast ќе додадат Ваша илустрација на Magic the Gathering карта. Каков е процесот во кој се одбираат артистите за картите?

Да, пред повеќе од година дена ме контактираа Wizards за работа на карти. Тоа беше еден навистина голем milestone за мене. Не сум играч, но ги следам случувањата од секоја сфера поврзана со уметноста. Па така сум свесен и за постоењето на МTG поради самиот арт.

Кога ми стигна мејл од арт директорот на Magic… едноставно немаше ни размислување за дали да прифатам или не. Добив краток бриф за што е потребно да се црта и спремив по неколку скици за двете карти. Беа избрани финалните две решенија на кои ќе се работи. Од тука натаму процесот е релативно ист како со било која комисија која ја работам. Од концепт скиците разработив две фул сајз прелиминарни скици кои после тоа ги изработив со туш.

Дали и самиот си љубител на Magic?

Ако може да се каже поради уметноста тогаш да, но немам играно и реално сè уште не сум ни запознаен со правилата на играта.

Исто така следам и што се случува и со гејмингот. Ќе изгледам само на кратко некој гејмплеј ради инспирација или од љубопитност, но мислам дека ако почнам ќе страда цртањето :)

Wizards of the Coast имаат неверојатни илустрации на картите, какво е чувството да сте еден од уметниците кои ја илустрираат најпопуларната игра со карти?

Паа… Одлично е. Драго ми е што имав можност да цртам картици покрај таква фела уметници, но морам да признам дека и самиот притисок од тоа не беше мал.

Дали повеќе уживате кога изработувате дигитални илустрации или традиционални?

Во последно време експериментирам и со дигитална илустрација малку повеќе, но сепак мислам дека е незаменливо чувството на опипливост на хартијата. Mногу подраго ми е кога ќе завршам со цртеж на хартија отколку дигиталниот…

Некако ми е нереално сето тоа кога го немам вака во физичка форма, а и самиот печат на традиционална изработка е мислам дека многу поавтентичен и заради тоа и се трудам дигиталната доработка да ја сведам на минимум иако сите тие алатки и си носат свои предности.

Кој софтвер и хардвер го користите за илустрација?

Туш пенкала и хартија, понекогаш цртам и на claybord, a од дигиталните Photoshop и Procreate.

Во каква позиција се наоѓаат уметниците и културните работници во Македонија? Дали во Македонија може да се живее од оваа уметност?

Мислам дека не е многу битно каде се наоѓаш во денешно време за да го работиш тоа што го сакаш, барем за оваа дејност сигурно не е. Мислам дека и ако го правиш тоа што го правиш најдобро што можеш ќе стигне до кај што треба, и ќе има плод.

Последниов период се актуелни NFT-токените кои овозможуваат интересен нов начин за заработка од дигитална уметност. Колку сте запознаен и како гледате на оваа технологија?

Уште не сум сигурен што мислам за НФТ… Не сум навлегол доволно за да кажам нешто иако имав неколку шанси за работа, сè уште не можам да се одлучам.

Секогаш тргам од себе, а никогаш кога сум посакал некое дело не сум размислувал на тоа да биде во виртуелен свет, сакам да го имам на ѕид :)

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Kоментари на статија (0)Што се дискутира на ИТ форум...

Нема одговори сè уште.

Loading new replies...

Пред една година еден од најголемите издавачи на друштвени игри – Wizards of the Coast, испрати понуда до Антонио Илевски, македонски графичар, попознат под псевдонимот Pig Hands. Понудата беше за цртање на Magic the Gathering карта, што е огромен чекор за сите илустратори.

1638301877257.png

Magic the Gathering e најпопуларната друштвена игра со карти. Издадена е во 1993 година од Wizards of the Coast и оттогаш на играта работеле куп талентирани уметници и илустратори. Играта е најпрепознатлива по стратешките елементи и можностите за различни начини за градење на шпилови и победа, но и по неверојатните и уникатни илустрации за секоја карта.

За соработката со Wizard of the Coast зборувавме со Антонио Илиевски > Антонио Илиевски - Pig Hands ја доби својата прва Magic the Gathering илустрација ⋆ IT.mk

одговори 11 лајкови

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments

ит кариера

Matrix IT Global Services Macedonia

Product Operations

Matrix IT Global Services Macedonia

Marketing Strategist

види ги сите огласи на kariera.it.mk