Во едно далечно време, MTV беше феноменална телевизија која постојано сервираше бројни музички видеа. Во случај да носталгично се сеќавате на таквото златно доба, лишено од константни реклами и серии, би можеле да ги пробате потенцијалите на MusicTV.
MusicTV ви дозволува постојано да гледате музички спотови и да откривате најразлични пејачи и групи. Според авторот зад овој проект, првата верзија дозволува стриминг на музички видеа, но со фокус на откривање нови уметници.
MTV од минатото реинкарнирано во сегашноста
Веб сајтот се напојува преку YouTube, но се работи и на целосна внатрешна интеграција, нешто што би можело да им дозволи на уметниците директно да работат и да влијаат на MusicTV. Во меѓувреме, функционира можноста за самостојно поставување музички видеа на платформата.
Спротивно од YouTube, музичките видеа кои ги гледате на MusicTV никогаш нема да бидат прекинати од реклами, со што уште еднаш се потврдува нивната мисија за константен стриминг на музички видеа. Самиот автор објаснува дека посветиле време и енергија на целосно отстранување на видео огласи, но потенцира дека е можно да се видат одредени HTML5 banner огласи од време на време. Авторот оди до тој чекор да објаснува дека и тоа може да биде отстрането со инсталирање ад блокери како AdBlock, па и го дава линкот за преземање на блокерот.
Зад MusicTV стои Милбер Ферера, ко-основачот на Fluently.