IT.mk е онлајн дестинацијата која веќе 14 години ја едуцира, промовира и поддржува македонската ИТ заедница, а пред две недели ја објавивме шестата верзија од IT.mk – v6 (бета), во која најавивме драстична промена во бизнис моделот – на кратко, воведуваме е-комерц решение и се пренасочуваме кон ИТ заедницата.
Откако повеќе години мачиме мака со финансиските резултати на IT.mk, се решивме на еден нов, релативно храбар чекор… Новиот бизнис модел се базира на избегнување на банери и стандардни форми на заработка за еден онлајн портал, па така, воведовме два типа на премиум членство (Basic и 1337), секако го задржавме и досегашното членство во бесплатна форма.
Повеќе детали за бенефитите од овие членства може да прочитате тука, меѓутоа не заборавајте дека најголемиот бенефит од вашето премиум членство ќе биде поддршката што ќе ја дадете на IT.mk да опстане и да се подобрува во иднина. И за тоа сме ви благодарни. :) Драго ни е што веќе во првата недела имаме неколку премиум членства (и Basic и 1337) и се надеваме дека ИТ заедницата ќе го препознае концептот по кој сакаме да функционираме, на заедничко задоволство, и секако, со поголем број бенефити за членовите и ИТ заедницата.
Покрај членството, IT.mk пред два месеца започна и со наплаќање на огласите во сервисот ИТ Кариера – .мк берза на ИТ кадар, кој во своето постоење од 2015-та има објавено над 2.500 огласи за вработување од повеќе од 500 компании и на многу работодавачи им има помогнато да пронајдат талент, додека на кандидатите да пронајдат релевантни компании за работа и градење на својата кариера. Сервисот е користен од страна на ИТ компании како Netcetera, Singular, Valtech, Crazy Labs, Matrix IT Global, Scale Focus, Ever Near и голем број други…
Трет столб на бизнис моделот е нешто што со години се мачиме да го направиме, и конечно, благодарение на нашите партнери Нексио, успеавме во тоа…. па така денес, по повод мега-ултра шопинг денот Black Friday, официјално го лансираме ИТ Маркет – IT.mk/market!
Што е ИТ Маркет?
IT.mk/market е онлајн продавница за одбран хардвер и брендиран ITmkware (за почеток маици), а во иднина можеби и други производи кои сметаме дека се соодветни за нашата публика. Хардверот го бира редакцијата на IT.mk според критериуми како добри онлајн рецензии, добар сооднос на цена/перформанси и ќе целиме кон продажба на квалитетен хардвер од реномирани производители.
Како ќе функционира?
ИТ Маркетот ќе функционира како регуларна онлајн продавница…. доаѓате (онлајн, нема физичко присуство – од некоја причина имаме потреба да го кажеме ова), одбирате производ, го нарачувате онлајн во неколку едноставни чекори, го плаќате со платежна картичка и бирате како сакате да дојде во вашите раце – преку достава со брза пошта или со ваше подигање од местото кое ќе биде посочено за дадениот производ.
За секој производ во ИТ маркет ќе биде посочено кој е доставувач, дали IT.mk или нашиот партнер Нексио, нешто што ќе се обидеме да помине најнезабележително од ваша страна, бидејќи сепак фокусот не сакаме да го ставиме на тоа кој ќе го испрати производот, туку да го добиете брзо и лесно. За жал, состојбата во државава со поштенската инфраструктура останува предизвик, но ако ништо друго, тука сме за поддршка за било каков проблем кој може да настане!
Поволни цени за премиум членови
Она што вреди да се напомене е дека ИТ маркетот ќе има различни цени за премиум членовите. Согласно на нивното членство, премиум членовите ќе уживаат во поголеми попусти на секој производ, а одредени производи ќе бидат резервирани само за нив, на пример 1337 маиците можат да бидат купени само со 1337 членство, додека IT.mk маиците може да ги купи секој.
Што е фората со 1337?
1337 е неформален јазик/код на интернет во кој стандардни букви се заменуваат со карактери. Всушност значи LEET = ELITE, ЕЛИТА. Целта на зборот е да потенцира некој или нешто со способност, постигнување, особено во полето на онлајн гејмингот, програмирање или хакирање. Зборот оригинално потекнува од 80-тите години, кога на тогашните форуми оние со елитен статус имале пристап до фолдери, игри и специјални чет-соби. Се верува дека хакерскиот колектив The Cult of the Dead Cow го има оригинално измислено овој “јазик” со цел да избегне детекција од филтрите за цензура или следење. Во последната деценија, зборот е влезен во општото користење во онлајн светот.За поголема транспарентност, на секој производ ќе бидат истакнати сите цени – и регуларната и оние со попусти за членовите. На пример, овој многу добар маус кој сите во редакција го користиме и сме презадоволни и со топло срце го препорачуваме, Logitech MX Master 3 безжичен маус, ќе има четири цени:
- Регуларна цена: 6.410 ден.
- Цена со онлајн попуст за сите бесплатни членови и нерегистирани: 6.310 ден.
- Цена за Basic премиум членови: 6.100 ден.
- Цена за 1337 премиум членови: 5.800 ден.
Да нема забуна, во моментот на пишување на овој текст е активна Black Friday промоцијата во која сите купуваат по 1337 цени, па така маусот ќе има една цена – 1337 цената која ќе важи за сите, меѓутоа до утре, петок во 23:59 ч, а по истекот на промоцијата ќе се врати на регуларните цени.
Гаранции, враќање, проблеми при нарачки…
На секој купен производ ќе биде истакната гаранција и кој ја издава, и за секој купен производ (вклучувајќи и членство) ќе важи законската рамка и општо познати правни механизми за враќање на производ и пари. Доставата на секој производ во ИТ маркет е бесплатна и е 1-3 работни дена во Скопје, додека од 3 -7 работни дена во Македонија, зависно од кој град и колку често брзите пошти доаѓаат кај вас. Како ќе се подобрува поштенската инфраструктура во земјата, ќе ги пратиме трендовите и ќе се адаптираме за да што е можно побрзо ги добивате производите кои ќе ги нарачате – меѓутоа, за тоа, потоа… :)
Појаснување на концептот
Идејата не е да го претвориме IT.mk во онлајн продавница или продавница за хардвер, туку едноставно, да отвориме дополнителен канал за приход, а притоа сугерирајќи ви добри и квалитетни ИТ производи од светски производители. Немаме намера да играме со пумпање на цени, преголеми маржи или некои скриени агенди, едноставно сакаме да овозможиме дополнителен сервис на IT.mk кој служи на заедницата.
Повторно ќе потсетиме дека со секој купен хардвер, производ или услуга во IT.mk/market, ни овозможувате да го одржуваме и подобруваме IT.mk и бескрајно сме ви благодарни за тоа!
Затоа не чекајте, искористете го Black Friday и купувајте по 1337 цени! Само денеска – освен за оние кои имаат или ќе купат 1337 членство, за нив секогаш ќе важат 1337 попусти!
Во ИТ Маркет веќе има над 30-тина производи кои може да ги погледнете и купите, во иднина идејата е да се ротираат 30-50 хардвер парчиња на одредени периоди кои имаат вистинска вредност, како што кажавме, по добри цени!
1337 попустите завршуваат во петок, 26-ти ноември 23:59 часот. А да, спомнавме ли и дека има супер попусти и на IT.mk членства?