0 коментари 2 мин. читање

Прв златен медал во историјата за македонски учесник на Балканската олимпијада по информатика

Благојче Павлески, ученик од Прилеп е добитник на првиот златен медал за македонски учесник на Балканската олимпијада по информатика во историјата. Тој е ученик во во четврта година во ПСУ „Јахја Кемал“ во Скопје. Македонскиот тим на натпреварот беше во состав Благојче Павлески, Марко Таневски, Андреј Шеќеров и Тео Китановски. Лидери на тимот беа д-р Емил Станков и Мартин Динев од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ). Средношколците успеаја да освојат еден златен и еден сребрен медал, и една олимписка пофалба.

Вториот медалист во македонската репрезентација е уште еден ученик од Прилеп, Марко Танески. Тој успеа освои сребрен медал. Андреј Шеќеров  од Скопје, освои олимписка пофалба.

Балканска олимпијада по информатика (БОИ 2021), се одржа од 24-ти до 29-ти ноември во Шумен, Бугарија. Резултатот кој го постигнаа македонските натпреварувачи оваа година е највисок во речиси 30 годишната традиција на ова натпреварување.

Покрај турнирот за средношколци натпреварот имаше и дел за јуниори. На натпреварот за јуниори, Сара Стефановска, ученичка од Крива Паланка освои бронзен медал.

Нашите претставници на Балканската олимпијада по информатика, групирани во повеќе тимови, беа во состав:

Поради пандемијата оваа година натпреварите се одржаа онлајн. На настанот учествуваа 37 најдобри средношколци во областа на компјутерските науки. Натпреварувачите се избрани на годишните национални натпревари во програмирање во: Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Кипар, Грција, Македонија, Молдавија, Романија, Србија и Словенија.

„Резултатот остварен на овој натпревар претставува продолжување на традицијата на успешни претставувања на Македонија на интернационалните информатички олимпијади во последниве десетина години и уште една нова потврда за знаењата и вештините од областа на компјутерските науки што ги поседуваат нашите ученици.

Според мене, успехот се должи на напорите на Здружението редовно да работи со талентираните ученици, како и воведувањето на информатиката и темите од програмирање во основното и средното образование во првата половина на претходната деценија“, вели д-р Миле Јованов претседател на Здружението на информатичари на Македонија.

Следната Балканска информатичка олимпијада ќе се одржи во Љубљана, Словенија.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top