Првото уредување на Wikipedia на продажба како NFT

Avatar img-thumbnail img-circle

во Веб

Различните примени и нови области во кои се користат ги прават NFT токените супер интересни за купувачите.

Минатата недела над 100 милиони долари се потрошени за купување на виртуелна земја во различни метаверзуми. Оваа сума е потрошена на четири најпопуларни светови: The Sandbox, Decentraland, CryptoVoxels и Somnium Space. Дури 86,56 милиони долари се искористени за купување на „земја“ во видеоиграта The Sandbox.

Image by Dappradar – https://dappradar.com/blog/over-100-million-in-metaverse-land-sales-last-week

Амбасада на Барбадос во мултиверзумот

Поле во кое имаше најголем интерес за купување на NFT-токени досега беше дигиталната уметност, без разлика дали станува збор за слики, музика, постери, илустрации или нешто сосем друго. Сега „виртуелната земја“ е во фокусот на NFT ентузијастите. Интересот е толкав што дури и дел од државите веќе не го игнорираат интересот за токените.

Барбадос е првата држава која најави дека ќе креира амбасада во виртуелниот свет. Островската држава во ноември беше во преговори со Somnium Space, SuperWorld и уште неколку платформи за креирање на амбасадата.

„Ова е начинот на кој Барбадос може да ги прошири своите претставништва во светот над 18-те кои ги има во моментов. Ова ќе ни ја отвори вратата, преку технолошка дипломатија, да се прошири и културната дипломатија – размена на уметност, музика и култура“, вели Габриел Абед, амбасадор на Барбадос во ОАЕ за Coindesk.

Амбасадата на Барбадос треба официјално да започне со работа во метаверзумот од јануари.

Оние кои не се заинтересирани за „градење“ амбасади ќе можат имотот во метаверзумот да го искористат за креирање на што сакаат, од обични куќи, до неверојатни проекти како што постојат во Minecraft.

Првото уредување (edit) на Wikipedia и компјутерот на кој е креирана енциклопедија на аукција како NFT

Основачот на Wikipedia Џими Велс на аукција понуди два дела од историјата на интернет: Strawberry iMac компјутерот на кој е пишуван кодот и е развиена Wikipedia; и првиот едит-код направен на страница на Wiki. Секако уредувањето се продава во единствената можна форма, како ново креиран NFT-токен.

Периодот на аукциите речиси се поклопува со „полнолетството“ на Wikipedia. Најголемата енциклопедија во светот официјално започна да функционира на 15 јануари 2001. Првата страница која беше достапна беше „Hello World“ код. Оваа веб-страница може да се погледне на овој линк

Кодот кој е понуден како NFT-токен e првата верзија која овозможила кориснички имиња и лозинки за уредувачите. Заедно со оваа промена започнато е чување на историјата на целиот сајт за секоја промена во статиите да може лесно да се врати во претходната верзија.

Двете наддавања се организирани од аукциската куќа Christie’s. Наддавањето е започнато и ќе трае од 3 до 15 декември. Купувачот ќе добие многу повеќе од линк, ќе добие пристап до првиот код и до базата на податоци за тоа URL. Сопственикот ќе може да прави што сака, па дури ќе може и да го промени URL-то на кое се наоѓа страницата.

Во моментов за Strawberry iMac се понудени 600 американски долари, а за веб-страницата се понудени 2 400 американски долари. Наддавањето ќе продолжи уште 9 дена.

Wikipedia денес има верзии на над 300 јазици, ја одржуваат илјадници волонтери и енциклопедијата вообичаено е првата страница која дава одговори на прашањата на милиони корисници. Со години енциклопедијата е во 10 најпопуларни страници на Интернет.

Средствата од наддавањето ќе се искористат за натамошен развој на WT.Social друштвена мрежа креирана од Џими Велс. Друштвената мрежа е без реклами, и поважно без продавање на податоците на корисниците.

Оваа година на продажба беше и Интернет

Во јуни на продажба како NFT токен беше и сорс-кодот на Интернет. Тим Бернерс-Ли успеа да ја „продаде“ првата верзија на изворниот код за 5,434 милиони американски долари.

Аукцијата започна на 23 јуни и се одржа под името „This Changed Everything“. Купувачот во оваа ситуација стана симболичен сопственик на сорс-кодот, а во реалноста доби постер од 9555 линии код и архива на фајлови креирана од 3 октомври 1990 година до 24 август 1991 година. Содржината вклучуваше и имплементација на три јазици и протоколи креирани од Тим Бернерс-Ли: HTML (Hypertext Markup Language); HTTP (Hyper Transfer Protocol); and URIs (Uniform Resource Identifiers).

Покрај ова купувачот е сопственик на првата документација која на корисниците им објаснува како да ја користат апликацијата. Конечно дел од пакетот е и анимирана визуелизација на пишување на кодот со траење 30 минути и 25 секунди; SVG на кој е сместен целиот код на една страници А0; како и README.md фајл – своевидно писмо на Бернерс-Ли за размислувањата за кодот и процесот на неговото креирање.

Средствата од аукцијата ќе бидат искористени за иницијативи кои ги подржуваат Бернерс Ли и неговата сопруга.

Што се NFT-токени?

Non-Fungible токените се уште една примена на блокчејн технологијата. Станува збор за дигитални средства базирани на Etherium блокчејнот. За разлика од криптовалутите секој Non-fungible токен е уникатен и не се меѓусебе заменливи. Не постојат два исти non-fungible токени. Претставуваат своевиден доказ за оригиналноста на дигитален предмет, без разлика дали станува збор за дигитална уметност, дел од код, или твит.

Нивната примена овозможува трансформација на дигиталните „асети“ во колекционерски предмети. Засега се користат за купување и продажба на различни дигитални форми на уметност, но во иднина се повеќе ќе бидат доказ за сопственост на различни објекти во мултиверзумот, од „дигитални парцели“, па се до виртуелни предмети во виртуелната реалност.

Дел од најпознатите NFT токени досега се: првиот твит на Џек Дорси кој на аукција достигна цена од 2,5 милиони долари; видео од првото забивање на Леброн Џејмс кое е продадено за 200 000 долари; популарната меме мачка Nyan Cat на наддавање достигна речиси 600 000 долари. Во март оваа година, дигитален колаж на Мајк Винкелман, попознат како Beeple се продаде за 69,3 милиони долари.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Kоментари на статија (0)Што се дискутира на ИТ форум...

Нема одговори сè уште.

Loading new replies...

Основачот на Wikipedia Џими Велс на аукција понуди два дела од историјата на интернет: Strawberry iMac компјутерот на кој е пишуван кодот и е развиена Wikipedia; и првиот едит-код направен на страница на Wiki. Секако уредувањето се продава во единствената можна форма, како ново креиран NFT-токен.

Периодот на аукциите речиси се поклопува со „полнолетството“ на Wikipedia. Најголемата енциклопедија во светот официјално започна да функционира на 15 јануари 2001. Првата страница која беше достапна беше „Hello World“ код. Оваа веб-страница може да се погледне на овој линк...

Кодот кој е понуден како NFT-токен e првата верзија која овозможила кориснички имиња и лозинки за уредувачите. Заедно со оваа промена започнато е чување на историјата на целиот сајт за секоја промена во статиите да може лесно да се врати во претходната верзија.

Повеќе > Првото уредување на Wikipedia на продажба како NFT ⋆ IT.mk

одговори Лајк

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments

ит кариера

Matrix IT Global Services Macedonia

Senior Software Automation Engineer

Matrix IT Global Services Macedonia

Product Operations

види ги сите огласи на kariera.it.mk