4 Android апликации кои се привремено бесплатни

во Веб, Софтвер

Во случај да имате Android напојувана направа и да барате неколку интересни апликации, пробајте да станете подобри во пишување, истакнување текст преку телефон, решавање загатки или брзо и релаксирано да спиете!

Совладајте ги правописните предизвици со Spelling Check PRO

Каков е вашиот правопис на англиски јазик? Сметате дека сте мајстор? Spelling Check PRO ги тестира и тренира вашите вештиви во спелување на англиски јазик, без да ве оптоварува со најразлични огласи. Игрите се осмислени да тој начин да во исто време ем учите ем го проверувате вашето моментно знаење, а лесно можете и да се натпреварувате со луѓе од целиот свет.

Врескајте безгласно со Shout Screen – Big Text Announcements

Апликација која, сосема случајно, дознавме дека е омилена помеѓу учениците. Со
Shout Screen можете да покажувате огромни кратки пораки низ целиот екран од вашиот телефон, што знае да биде корисно во ситуации кога не е дозволено да се зборува или вреска. Огромниот текст автоматски се прилагодува на вашиот екран и, од она што ние видовме, исклучително ефикасно се привлекува вниманието и се пренесува пораката од далечина.


Разбудете го мислителот во себе со “OXXO”

Доколку сте расположени за предизвик, следнава игра ви дозволува да групирате блокови кои се слични еден со друг. “OXXO” не ве држи за рака и потребно е преку експериментирање, односно ротирање низ три димензии да пробате да го изнајдете идеалното решение. Исклучително креативно, проверете и самите додека играта е привремено бесплатна.

Спијте како бебе со Sleep Faster, Meditation Pro

Како последна апликација, ви препорачуваме алатка која би требало да ви помогне да заспиете побргу така што ќе се опкружите со релаксирачки звуци на океан, дожд, поток, птици и слично. Дефинитивно има подобри алтернативи на Sleep Faster, Meditation Pro, но ни оваа не е за потценување и ви препорачуваме да ја проверите, особено доколку имате проблеми со опуштање пред спиење.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk