Написи тагирани со ИТ.МК

1.393 написи
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција ИТ.МК

ФЗОМ воведе е-услуги меѓу кои и можност за промена на матичен лекар преку интернет

Фондот за здравствено осигурување на Македонија стартува нови електронски услуги за физичките и правни лица, фирмите и здраствените установи кои треба да го заменат чекањето на шалтер. Со е-услугите, осигурениците нема да мора да ги подигнуваат сините картони бидејќи ќе имаат пристап до онлајн проверка на статус на осигурување за нив и нивното семејство, и […]

5 коментари Прочитај 23 јули, 2013
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК Мора да прочиташ

Kaко SMS и Facebook им помагаат на земјоделците од Ресен да го намалат загадувањето

Прекумерната употреба на пестициди во овоштарниците во Ресен е едно од поголемите загадувања во природата околу Преспанското езеро каде живеаат над 2.000 уникатни видови риби, птици и животни. За да го спречат ова непотребно загадување, UNDP заедно со Општината Ресен започнаа проект за зголемување на свеста за одржливи земјоделски практики, и рано информирање на земјоделците […]

1 коментар Прочитај 19 јули, 2013
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција ИТ.МК Совети

За македонцките стартапи: @mitcome и @_teddy гостуваат на „45 минути маркетинг“

Што се случува со македонските стартапи? Како да основате стартап и какво искуство ви треба за да креирате успешен продукт? Ако ви требаат одговори сите овие прашања, тогаш ви препорачуваме да ја погледнете дискусијата за македонската стартап култура меѓу Митко Цабевски, основач на Ambio.me, и Теодос Пејоски, ко-основач на G6 Solutions, кои гостуваа на видео […]

0 коментари Прочитај 18 јули, 2013
Редакција
1
Avatar photo Дамјан Дано Интервјуа ИТ.МК

Интервју со Invideous, британско-македонскa компанија која работи на монетизација на видео содржини

Колку е тешко да се направи транзиција од докажана компанија во стартап? Разговараме со Калина Зографска и Ненад Чубриновски кои ја направија таа преселба – од Телеком во британскиот стартап Invideous чии канцеларии во Скопје се „моторот на компанијата“. Стартапот работи на платформа на монетизација на видеото и искористување на платежни ѕидови пред содржината. Што […]

32 коментари Прочитај 16 јули, 2013
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК

Блоговите кои заработуваат можат да бидат опфатени со новиот Закон за медиуми

Законот за медиуми е испратен до Собранието, но наместо еден, подготвени се два нови Закони – едниот за медиуми, а другиот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Според министерот за информатичко општество, Иво Ивановски, претходниот нацрт-закон е поделен на два нови по препораките на Советот на Европа, ОБСЕ и Здружението на новинари. Прифатени се и […]

0 коментари Прочитај 15 јули, 2013
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски ИТ.МК

Seavus ја купи Alexandria, најавено е проширување на специјализираните академии

Seavus групацијата го презема најстариот македонски приватен едукативниот центар Alexandria. Договорот е постигнат на 11 јуни и отсега Alexandria ќе биде дел oд Seavus, Seavus Education and Development Center. Alexandria ќе биде додадена на едукативниот центар на Seavus заедно со своето портфолио, кадрите и програмата. Цел на аквизицијата е проширување на курсевите и содржините кои […]

0 коментари Прочитај 12 јули, 2013
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК Мора да прочиташ

Се поблиску сме до кириличниот .мкд домен; сега ќе следи техничка проверка од ICANN

Кириличниот домен би требало да биде позитивно искуство за сите македонски корисници кои имаат потешкотии да се снајдат на интернет, како и алатка која ќе го зачува македонскиот јазик и културното наследство во онлајн и офлајн светот. Интернационалните домени, претставени во 2009-та година, немаат цел да ги заменат досегашните адреси, туку треба да го олеснат […]

1 коментар Прочитај 10 јули, 2013
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција ИТ.МК Мора да прочиташ

МВР уапси петмина криминалци кои испразниле над 800 кредитни картички

Министерството за внатрешни работи објави дека уапсиле пет членови на прилепско-бугарска криминална банда која за шест месеци, во период меѓу декември 2012 и јули 2013 година, испразнила околу 800 кредитни картички на македонски граѓани. Вкупниот плен надминал 4,5 милиони денари или нешто над 73.000 евра. Криминалците користеле добро познат трик за крадење на информациите од […]

0 коментари Прочитај 4 јули, 2013
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција ИТ.МК

Vip и Фото сојуз на Македонија организираат изложба на фотографии направени со Samsung Galaxy S4

Vip оператор и Фото сојуз на Македонија организираат изложба на професионални фотографии направени со паметен телефон, поточно со Samsung Galaxy S4. Изложбата е секако промоција на камерата на телефонот, но знаејќи го квалитетот на таа камера – како и на камерите на другите high-end телефони – може да очекуваме квалитетни фотографии. Фотографиите од македонските градови […]

1 коментар Прочитај 4 јули, 2013
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.ЕУ ИТ.МК

Македонија, Србија и Црна Гора бараат поевтини роаминг услуги во ЕУ

Македонија, Србија и Црна Гора испратија заедничко писмо до Европската Комисија со кое побараа да имаат исти цени за роаминг услуги како што имаат и земјите-членки на Европската Унија. Писмото доаѓа по веста дека Европската Унија од 1 јули ги намали роаминг цените за 36 отсто. Намалувањето на цените за роаминг е дел од Дигиталната […]

0 коментари Прочитај 3 јули, 2013
Редакција
1
Виктор Дано Друштвени мрежи

Има околу 7.000 македонски твитерџии кои најчесто ретвитуваат странски профили, открива Time.mk

Како што знаете, Time.mk од неодамна стартуваше сервис кој ги следи најпопуларните твитови од македонски корисници. Time.mk ја користи отвореноста на Twitter која е јавна мрежа каде твитовите може да ги види секој, па и тие што не се корисници, за да ги прегледа твитовите на најактивните македонски твитерџии, објаснува основачот Игор Трајковски. Во моментов, […]

1 коментар Прочитај 2 јули, 2013
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција ИТ.МК

Наскоро ќе стартува нов оператор Albafone кој ќе ги таргетира албанските корисници

Albafone е најавен како нов, виртуелен мобилен оператор кој ќе ги таргетира албанските корисници „кои“, како што вели директорот Ардиан Хоџа, „ќе ги третираме онака како што заслужуваат, рамноправно, со почит и на мајчиниот јазик“. Операторoт планира да стартува од август, со пуштање на 50.000 броеви во продажба. Броевите ќе бидат со префикс 073. Како […]

6 коментари Прочитај 1 јули, 2013
Редакција
1
Борис Кузманов ИТ.МК

Скопскиот хаклаб КИКА ја бара вашата помош

Хаклабот КИКА (Кика е: Информации. Култура. Автономија) постои речиси 4 години и е едно од ретките места во Македонија на кое секој може да го сподели своето знаење, како и да се здобие со некои нови. Досега, благодарение на КИКА и со помош на сите технолошки ентузијасти кои се вклучени во работењето на хаклабот, многумина […]

4 коментари Прочитај 1 јули, 2013
Редакција
1
Виктор Дано Друштвени мрежи ИТ.МК

Друштвената мрежа која е изработена во Скопје, Solaborate, претстави нови алатки за комуникација

Solaborate, друштвената мрежа за ИТ професионалци, поддржана од компанија во Лос Анѓелес, а изработена од македонски дизајнери и програмери, претстави нови алатки кои ќе ја олеснат комуникацијата преку мрежата. Solaborate – која сè уште е во бета и ви треба клуч кој може да го побарате од официјалната страна – сега овозможува аудио повици преку […]

0 коментари Прочитај 1 јули, 2013
Редакција
1
Борис Кузманов Друштвени мрежи ИТ.МК

ИТ Настан: Твитерџиите го прославија вториот Social Media Day

Social Media Day, настанот кој нè обединува во офлајн светот сите ние што се дружиме и на онлајн просторите, официјално е затворен. Денес, како што беше најавено, во Мотелот на Велешкото Езеро се одржа вториот по ред Social Media Day во Македонија на кој свои излагања имаа 9 корисници на друштвените мрежи, додека севкупно во […]

0 коментари Прочитај 30 јуни, 2013
Редакција
1
Борис Кузманов ИТ.МК

Апликација на денот: Alignment е нова македонска игра за Android

Alignment 4 во 1 е колекција на стратегиски игри од древниот Египет, Гана, Кенија и Филипините, и оваа игра претставува најново дело на Ристо Мучев, кој, доколку не сте чуле за него, е човекот кој пред три години го „хакна“ натпреварот на VIP операторот. Игрите во оваа колекција се: Икс-точка (Tic Tack Toe); Tapatan – […]

0 коментари Прочитај 28 јуни, 2013
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција ИТ.МК

ИТ настан: Македонија го одбележува Social Media Day

На 30 јуни, недела, во Македонија по втор пат ќе се вклучи во глобалното одбележување на денот на друштвените мрежи. Social Media Day е настан инициран од познатиот блог кој ја следи интернет култура, Mashable и се организира на сите континенти во повеќе од 200 градови. Во Македонија настанот го организираат интернет маркетинг агенцијата NewMediaMK […]

0 коментари Прочитај 28 јуни, 2013
Редакција
1
Виктор Дано Статии

Закон за медиуми: Блоговите (дефинитивно) не се медиуми, а слободата е во согласност со Уставот

Наместо цензура за „заштита на здравјето и моралот“, новиот редефиниран Закон за медиуми(.doc) ќе гарантира слобода на медиумите во согласност со Уставот и меѓународното право. Според член 16 од Уставот „Цензурата е забранета“. Членот 4 е најзначајната промена во новиот нацрт-закон кој Властите го изработија по критиките и предлозите од македонските медиуми и меѓународната заедница. Поголема промена која е важна […]

0 коментари Прочитај 6 јуни, 2013
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски ИТ.МК

Законот за медиуми ќе биде сменет, цензура ќе има само во согласност на Уставот и меѓународното право

Новиот текст на Законот за медиуми од вечерва повторно ќе биде достапен за разгледување и коментирање. Според Министерот Иво Ивановски vо новиот текст се направени низа промени за „допрецизирање и појаснување на дефинициите“. Тоа што е најзначајна промена е што во новиот предлог-закон извршена е променет на членот 4 кој сега вклучува „Слободата на медиумите […]

0 коментари Прочитај 5 јуни, 2013
Редакција
1
Виктор Дано Друштвени мрежи ИТ.МК

#TwitterDontYouFYROMMeSayMacedonia

Македонските твиреџии му се налутија на Twitter бидејќи наместо „Македонија“ ја користи непопуларната наставка „FYROM” за означување на локацијата на твитот. Наставката се додадава кога пишувате твит и може да се исклучи. Поради револтот стотина твитерџии стартуваа кампања #TwitterDontYouFYROMMeSayMacedonia во која го тагираат @Twitter. Според TweetArchivist, има околу 300 твита со тој хаштаг, иако според […]

0 коментари Прочитај 5 јуни, 2013
Мени
Заедница
Изглед
To top