Написи тагирани со македонска игра

43 написи
Редакција
0
Avatar photo Мартин Јованчевски гејминг ИТ.МК

Ран преглед на македонската игра Solbane

Бројот на ретро шутери кои потсетуваат на преубавите аркадни искуства од 80-тите и 90-тите години ги има за извоз и скоро секоја од игрите се труди на еден или на друг начин подобро да ги копира најдобрите елементи од овој жанр. Но, македонската игра Solbane на битолското студио Odime не се задоволува само со копирање, […]

0 коментари Прочитај 22 март, 2023
Редакција
0
Avatar photo Мартин Јованчевски Интервјуа Софтвер

Разговор со Јован Јовановски, авторот зад колекцијата од игри Puzzle Hub

Вчера, објавивме текст за Puzzle Hub, квалитетна македонска апликација која всушност има седум интересни и логички игри. До игрите се пристапуваше преку чист дисплеј и одлична изведба и едноставно моравме на кратко да поразговараме со авторот зад апликацијата. Запознавање Јован Јовановски живее во Скопје и има 24 години. Интересно, Јован се занимава со развој на […]

1 коментар Прочитај 9 март, 2022
Редакција
0
Avatar photo Мартин Јованчевски гејминг Софтвер

Македонската Puzzle Hub е колекција од 7 логички игри

Имате време кое сакате креативно да го искористите со решавање предизвикувачки загатки? Во тој случај, можеби не е лошо да го подготвите вашиот телефон за Puzzle Hub – колекција од седум феноменални игри кои бараат активирање на вашите сиви ќелии за издвојување максимална победа! Преку чист и минималистички (читај: зен) интерфејс кој во ниеден момент […]

0 коментари Прочитај 8 март, 2022
Редакција
0
Avatar photo Мартин Јованчевски гејминг

Интервју со македонското студио Sindex за нивната игра SciGirl: The Internship

Откако нè заинтригира демото на македонската игра SciGirl: The Internship, решивме деновиве да поразговараме со Михајло, претставник од студиото Sindex и да поставиме бројни прашања не само за нивната игра, туку и за нивните интереси и размислувања поврзани со гејмерската индустрија. Кажете нѝ на кратко за Sindex, од кого е составен тимот, колку време постои, […]

0 коментари Прочитај 9 март, 2021
Редакција
0
Avatar photo Мартин Јованчевски Вести

Wolfsbane е најновата игра на македонското студио Workbench Entertainment

Не е никаква тајна дека сме огромни фанови на Workbench Entertainment, особено на нивното чедо, Wounded. По серија неуморни исправки и надградби, Wounded – The Beginning нуди значително подобро искуство и целосно ја оправдува довербата која ја вложивме во нив. Како и со сите успешни почетоци, Workbench не седи со скрстени раце и работат на […]

2 коментари Прочитај 16 ноември, 2020
Редакција
0
Avatar photo Мартин Јованчевски Вести гејминг

Сè што знаеме за македонската игра Skopje

Најверојатно се сеќавате на македонското студио Dark-1 по брутално предизвикувачката игра Odium to the Core. Играта е феноменално достигнување за кое не штедевме пофални зборови во нашата рецензија. Пред само три дена дознавме дека играта конечно станала достапна и на Google Play, но од Dark-1 не дозволуваат тоа да се ударни вести неделава и, набргу […]

1 коментар Прочитај 24 јули, 2020
Редакција
0
Avatar photo Мартин Јованчевски feature гејминг

Македонската The Strange Story Of Brian Fisher исфрли уште едно видео

Најновото видео за очекуваната македонска мистериозна авантура нуди интересни ветувања за гејмплеј и приказна која ќе ја разбуди вашата креативност и ќе го отвори вашиот ум кон размислување надвор од кутијата. Првото поглавје се очекува за февруари 2020 година. До тогаш, си дозволуваме да бидеме прогонувани од вознемирувачкиот подрум и загатките кои би можеле да […]

0 коментари Прочитај 5 декември, 2019
Редакција
0
Avatar photo Мартин Јованчевски Вести гејминг

Две македонски игри за вашата Android направа

Македонските игри земаат сè поголем замав и нивната бројка бележи константно зголемување. Две такви игри припаѓаат на малото, македонско инди студио, Three Cats Games. Ufo Од Three Cats Games, ја опишуваат Ufo како „аркадна игра за спојување на боите на ufo-то со бојата на светлината на куќите. Како дел од гејмплејот се вклучени бустери, комбо […]

1 коментар Прочитај 13 ноември, 2019
Редакција
0
Avatar photo Мартин Јованчевски Вести гејминг

The Strange Story of Brian Fisher e македонска авантуристичка игра

По исклучително квалитетното, македонско хорор остварување, Wounded, на хоризонтот нѝ се прикрадува уште една мистериозна авантура. The Strange Story of Brian Fisher ве става во чевлите на детективот Брајан Фишер. По исчезнувањето на неговиот татко, животот на Брајан е прогонуван од само едно прашање: како да се најде човекот од кого има научено сè во […]

1 коментар Прочитај 7 ноември, 2019
Редакција
0
Avatar photo Мартин Јованчевски feature гејминг

Интервју со македонското студио Workbench Entertainment и нивната игра Wounded

Wounded е  хорор игра на македонското инди студио, Workbench Entertainment. Играта излезе на 28 февруари и за брзо време успеа да ги импресионира хорор фановите и да собере претежно позитивни рецензии. Со огромно уживање и тон страв, и самите ја проверивме играта и, по три дена криење од вистинскиот свет и игнорирање на гласовите во […]

2 коментари Прочитај 15 март, 2019
Редакција
0
Avatar photo Мартин Јованчевски feature гејминг

Ја игравме новата македонската игра Wounded на инди студиото Workbench Entertainment

Текстот содржи експлицитни мултимедијални материјали и не е за лица под 18 години! Како формат, хорор игрите отсекогаш имале тенденција да припаѓаат на помала, специјализирана група од гејмери. Тука и таму, ќе се појави одреден наслов, како Outlast, и ќе успее да внесе одредена динамика во и онака сиромашната сцена, што само потврдува дека гејмерската […]

6 коментари Прочитај 5 март, 2019
Редакција
0
Avatar photo Мартин Јованчевски feature гејминг

Македонската игра Wounded излегува на 28 февруари

Пред неполн месец, ја имавме честа да го одгледаме адреналинскиот трејлер за македонската хорор игра Wounded. Ако трејлерот е некаков показател, тогаш Wounded гарантира квалитетно хорор искуство кое има за цел да ве запознае со комплексните форми на стравот, да ве зграпчи за ракавите и да ви шепоти налудничаво се додека не почнете озбилно да […]

1 коментар Прочитај 22 јануари, 2019
Редакција
0
Avatar photo Мартин Јованчевски Вести гејминг

Македонската „Odium to the Core“ излегува и на Nintendo Switch и Xbox One

Две работи нè радуваат највеќе на светот: пица и читање за успеси на македонски девелопери. Денес ќе зборуваме за второто. Mакедонското студио зад Odium to the Core продолжува со полна пареа и агресивно пласирање на нивниот продукт на што е можно повеќе платформи. „Овој Божиќ, Odium to the Core доаѓа на Nintendo Switch и Xbox […]

0 коментари Прочитај 18 декември, 2018
Редакција
0
Avatar photo Мартин Јованчевски feature гејминг

Македонскиот iOS хит Echoes World излегува за Android на 4 октомври

Два дена нè делат од излегувањето на Echoes World и на Android платформата. Echoes World е iOS игра на македонското студио Maximus Ludos Studios, со седиште во Холандија. Оваа преубава игра се наметнува како наслов кој на уникатен начин вклопува добро познати активности со бои и меморија и допринесува до интерактивно стимулирање на сетилата. Како […]

0 коментари Прочитај 2 октомври, 2018
Редакција
0
Avatar photo Мартин Јованчевски feature гејминг

Интервју со македонското студио Maximus Ludos Studios за нивната игра Echoes World

Echoes World е iOS игра која ги стимулира сетилата, го зголемува фокусот, ги подобрува вештините за геометрија и архитектура, и ја проширува реалноста. Echoes World беше на 1 место за најпродавана игра во Хрватска, Бугарија и Македонија, а и на топ 10 место во Холандија. Echoes World се најде и на насловната страна на најголемиот […]

4 коментари Прочитај 26 септември, 2018
Редакција
0
Avatar photo Дејан Соколоски Вести гејминг

Подгответе се за нова македонска видеоигра, Odium to the Core излегува на 11 мај

Играта креирана на првиот Global Game Jam во Скопје и еден од победниците, оваа недела официјално излегува во продажба. Станува збор за Odium, првата игра на Dark-1. Dark-1 e студио основано од пријатели кои ја споделуваат желбата и ентузијазмот за развој на видеоигри. Нивната прва игра е објавена на WOWZAPP Hackathon во 2012. Во моментов тимот […]

5 коментари Прочитај 7 мај, 2018
Редакција
0
Avatar photo Мартин Јованчевски гејминг ИТ.МК

Македонската игра Raining Blobs напаѓа и на Xbox One

До пред неколку години, беше исклучително тешко да се објави игра на Steam. Мораше да се поминува низ тајни процеси на верификација и проверка на квалитет. Би можеле да кажете дека беше скоро невозможно да се пробие македонски развоен тим. Со Steam Greenlight, вратите на криптичната сегрегација малку се под отворија, и на најпосакуваниот фронт […]

1 коментар Прочитај 12 декември, 2017
Редакција
0
Avatar photo Дејан Соколоски гејминг ИТ.МК

Raining Blobs на Енди Милојкоски пристигна на Android

Пред неколку години Енди Милојкоски започна со дизајнирање на игра за паметен телефон. Rainy Blobs беше кул игра инспирирана од јапонски сложувалки. За жал, играта не стигна до мобилните платформи и беше редизајнирана за PC, OS X (сега macOS) и Linux. „Андроид верзијата е идентична со Steam верзијата. Има некои неприметливи оптимизации за да работи […]

0 коментари Прочитај 13 септември, 2017
Редакција
0
Avatar photo Мартин Јованчевски feature гејминг

Игри кои ќе излезат во месец мај

По добро или лошо, месецот мај ќе биде запаметен со мал број ААА игри, но еден куп симпатични инди наслови кои ќе се натпреваруваат за вашето внимание. Па така, откако ќе ги проверите потенцијалите на долго-очекуваната Prey, нурнете се во нашата прва македонска ААА игра во епизоди – Sonder. Никако не застанувајте тука и освојте […]

1 коментар Прочитај 2 мај, 2017
Редакција
0
Виктор Дано гејминг ИТ.МК

Апликација на денот: Springs Football е бавна, но добро направена македонска игра

Springs Football е нова игра за iOS и Android направана од македонското студио Pass Time Coders, што е хоби на тројца инженери од Netcetera. Здравко Николовски, Александар Ристов и Александар Гижаровски имаат направено интересна мобилна игра на која може да се натпреваруваат фудбалските ентузијасти. Но, иако е добро изработена, гејмплејот е спор и не успева […]

1 коментар Прочитај 15 јуни, 2016
Мени
Заедница
To top
{title}