Македонскиот стартап Vulpi ја претстави својата нова iOS апликација за фаќање белешки

Wordbox е најновото дело на македонскиот стартап Vulpi составен од Абдулах Алиоски и Аднан Бекироски, кој развива iOS апликации со цел да го освои странските пазари, земајќи го во предвид фактот дека македонските iOS корисници сè уште не се спремни да плаќаат за апликации. WordBox е апликација за фаќање забелешки, со многу едноставен дизајн и неколку опции за пишување и прикажување на напишаниот текст. Апликацијата можете да ја преземете преку iTunes и чини 4,99 долари.

Некои апликации за фаќање белешки се обидуваат да наликуваат на десктоп софтверот за да бидат полесни за користење. Но, Wordbox има претерано едноставен дизајн. Зошто?

Бидеќи Wordbox е продуктивна апликација, во никој случај не треба да го одзема вниманието на корисникот со претерани ефекти, анимации и бои, напротив треба да ја зголеми продуктивноста и да го фокусира на работата. Боите и чистиот дизајн го даваат токму тоа. Зошто корисниците да ги замараме и да им одземаме време со додатни копчиња и функции кога може и без нив. Зошто после секое минимално уредување на документ мораме да зачуваваме со кликање на копче, кога тоа може да е автоматизирано. Нашата апликација сама ги детектира новите измени и автоматски ги зачувува. Зошто корисникот да губи време со бришење и поправање на печатни грешки кога таа работа исто така треба да ја врши аппликацијата. Во сегашната верзија се уште ја немаме имплементирано оваа функција, но во скоро време во соработка со американска фирма работиме на имплементирање на револуционерна тастатура која ќе го смени начинот на пишување. И ред други функции кои оставаме на вас самите да ги откриете. Нашите програмери и дизајнери веќе работат на други функции и на уште поедноставен дизајн.

Повеќето македонски програмери објавуваат првин бесплатни верзии на апликациите, но сите ваши iOS апликации се наплаќаат. Дали заработувате доволно oд нив за да може да се живее, или тоа се дополнува со дополнителна работа на страна за други клиенти?

Уште во раните почетоци на Vulpi одлучивме дека нашиот труд вреди, па сакавме да видиме дали и корисниците кои треба да платат за нашиот труд имаат исто мислење, а на сите што даваа бесплатни верзии ги гледавме како аматери. После три години на AppStore и со досегашната заработка нашата одлука е потврдена. Нашите аппликации ги промовираме со постери, видео, Facebook и Google реклами, а за Wordbox се одлучивме на поголем чекор, така да за 15 дена, поточно на 30 Август, Марко Армент на неговиот подкаст (atp.fm) ќе зборува за нашата аппликација.

Може ли да споделите статистика колку се симнати апликациите на Vulpi? Вие имавте неколку игри како The Illuminati Code која не е достапна на македонскиот App Store. Зошто? Дали македонските iOS корисници не купуваат апликации. Апликацијата ја нема ниту на сајтот на Vulpi?

Досега имаме продадено околу 150.000 апликации и игри. Што се однесува на игрите, одлучивме да се фокусираме на апликации за продуктивност, кои реално се подобро платени на AppStore, па ги тргнавме од сите продавници не само Македонската.

The Illuminati Code, првата македонска игра за iPhone, не беше надградена веќе година и пол, а дизајнот беше остарен и не беше нити ретина, па се одлучивме , доколку ги најмиме потребните луѓе за работа, ќе ја надградиме со нова приказна и нов начин на играње.

Што се однесува на Македонските iOS корисници, од нашето искуство тие спуштаат во најголем дел бесплатни апликации.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments