Vip оператор и Фото сојуз на Македонија организираат изложба на професионални фотографии направени со паметен телефон, поточно со Samsung Galaxy S4. Изложбата е секако промоција на камерата на телефонот, но знаејќи го квалитетот на таа камера – како и на камерите на другите high-end телефони – може да очекуваме квалитетни фотографии.
Фотографиите од македонските градови ќе бидат направени од 12 професионални фотографи, членови на Фото сојуз Македонија. Vip вели дека фотографиите ќе бидат испратени директно до публиката на изложбата преку мобилен интернет, по што Фото сојузот ќе ги прегледа и изложи. Изложбата со име „Мојот град низ слики“ ќе биде поставена пред Vip салонот во трговскиот центар City Mall во Скопје, во сабота, 6-ти јули, од 17 до 19 часот.
„Партнерството со Vip во оваа активност претставува одлична можност за промоција на уметничките дострели на нашите членови, но и на можностите што ги нуди напредната мобилна технологија која овозможува неограничена и брза комуникација меѓу уметникот и неговата публика.”, вели претседателот на сојузот, Боро Рудиќ.
Brej sto cudo napravile?!