0 коментари 1 мин. читање 28 јуни, 2013

Апликација на денот: Alignment е нова македонска игра за Android

Alignment 4 во 1 е колекција на стратегиски игри од древниот Египет, Гана, Кенија и Филипините, и оваа игра претставува најново дело на Ристо Мучев, кој, доколку не сте чуле за него, е човекот кој пред три години го „хакна“ натпреварот на VIP операторот.

Игрите во оваа колекција се: Икс-точка (Tic Tack Toe); Tapatan – игра која наликува на икс-точка, но овде двајцата играчи само имаат по 3 фигури и на таблата од 9 полиња треба да направат линија од 3 со подместување фигурите; Achi – слична на Tapatan, но со 4 фигури и последната игра е Shisima чија табла е во форма на осмоаголник и целта е да се направи линија од 3 фигури која поминува низ средина.

Сите игри можете да ги играте против друг противник, што е навистина интересно, или против уредот со 3 различни тежини. Alignment е бесплатна, со поддршка за македонски јазик и можете да ја преземете од Google Play.

Напишано од

Борис Кузманов

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top