0 коментари 2 мин. читање 6 август, 2013

ИТ настан: Втората AllWebМК конференција е закажана за во ноември

Ќе има второ издание на AllWeb.mk. Kонференцијата за интернет маркетинг и онлајн ПР е закажана за 15 ноември 2013-та година. Според најавата, темата е интегриран маркетинг, и ќе вклучува дискусии за мобилниот маркетинг, интерактивно рекламирање, онлајн ПР и влијанието на друштвените мрежи врз маркетинг кампањите.

Ланскиот (и прв) AllWeb беше одличен настан. Уште тогаш повикавме AllWeb.mk да стане традиционален настан бидејќи има потребата да се дискутира за несериозниот интернет маркетинг во Македонија. Интернет маркетингот со својата финансиска моќ може да поттикне посериозен развој на ИТ сцената во земјава, која (како и маркетингот) сè уште заостанува зад соседните Балкански земји. Причината за овој забавен развој се гледа во немањето квалитетни веб проекти и сајтови, но и немањето на метрики за вистинско мерење на посетите на сајтовите и интеракцијата помеѓу кампањите и корисниците. Метриките се важни да се убедат скептичните локалните бизниси дека интернетот може да им донесе нови клиенти.

„Пред нас е предизвик да направиме уште подобра конференција и да ги оправдаме сите пофалби кои ги добивме минатата година. Веќе следниот ден по првата AllWeb конференција, лани знаевме дека овој предизвик нема да биде лесен, но затоа веруваме дека покрај нас оваа година ќе има многу повеќе компании, агенции и професионалци кои од секој аспект ќе го направат вториот AllWeb подобар од првиот.“, вели Дарко Булдиоски од New Media MK.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top