Младите македонски претприемачи се натпреваруваат за инвестиција да стартуваат стартап

во ИТ.МК

Ова е прв пат Министерството за економија да ги потпомага претприемачите, вели министерот за економија Ваљон Сараќини на презентацијата на проект со кој тројцa млади претприемачи ќе добијат меѓу 2.000 и 5.000 евра за да стартуваат компанија.

Паричната инјекција ќе зависи од квалитетот на бизнис плановите кои се пријавуваат на јавниот повик кој трае од 17 јуни до 15-ти август. До сега се пријавени 106 апликации кои до 15-ти август треба да бидат претворени во потенцијални бизнис-планови. Најголемиот број на апликации се од ИТ индустријата и се фокусираат на креирање на мобилни и веб апликации, како и видео игри. Министерството најави дека ќе ги претстави плановите пред бизнис заедницата на Македонија. Според г. Сараќини, министерството ќе цели овој настан да се организира секоја година за да се мотивираат младите претприемачи на возраст од 18 до 30 години.

„Познавајќи го и бизнисот и образованието, сметам дека многу е важно секој студент и млад потенцијален претприемач да знае да ја преточи својата идеја во бизнис план – така подобро ќе се запознае со пазарот, ќе ја унапреди самата идеја, ќе навлезе во финансиските пресметки и подобро ќе ги осознае шансите за успех, како и алтернативите и однапред смислените сценарија, во случај ако не тргне работата според првичната замисла.”, вели министерот.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk