Се поблиску сме до кириличниот .мкд домен; сега ќе следи техничка проверка од ICANN

Кириличниот домен би требало да биде позитивно искуство за сите македонски корисници кои имаат потешкотии да се снајдат на интернет, како и алатка која ќе го зачува македонскиот јазик и културното наследство во онлајн и офлајн светот. Интернационалните домени, претставени во 2009-та година, немаат цел да ги заменат досегашните адреси, туку треба да го олеснат пристапувањето до веб сајтовите за локалните корисници кои користат поинакви азбуки од англиската.

Но, за Македонија патот до кириличниот домен сè уште е долг и неизвесен, без конкретен одговор кога ќе може да ја користиме кирилицата за пишување на URL адреси. Во јануари преку онлајн гласање беше избрана наставката .мкд да ја претставува Македонија на интернет. Учеството на корисниците беше задолжително, бидејќи транспарентноста е еден од критериумите за аплицирање на доменот. Друг критериум е да се собере документација и писма од интернет заедницата и релевантните институции кои ќе и покажат на Интернационалната агенција за издавање на имиња и бројки на интернет, ICANN, дека има интерес и поддршка за кириличниот домен.

„Документите кои се потребни да се обезбедат докажуваат дека МАРнет, како јавна установа има поддршка да аплицира за кириличен домен од релевантната државна институција, дека македонскиот јазик и кириличното писмо се службен јазик и писмото на територијата за која се поднесува апликацијата за IDN ccTLD, како и дека одбраната низа .мкд асоцира на името на државата за која се поднесува апликацијата.“, објаснува Ева Нестеровска од Македонската академска истражувачка мрежа, МАРНет.

МАРНет е во финална фаза на оваа апликација. Сите документи и писма ќе бидат соберени и ќе се поднесат до ICANN кој ќе направи евалуација. Штом помине документацијата, ќе следи техничка поддршка за да се провери дека одбраната низа за IDN ccTLD домените нема да предизвика нестабилност кај DNS-от, објаснуваат техничките лица од МАРнет.

„Се прави DNS Stability проверка преку DNS Stability Panel која вклучува повеќе чекори меѓу кои се и проверка на A-label и U-label низите. За овие низи се проверуваат дали се во согласност со RFC 1035 и RFC 2181, IDNA стандардите, Unicode стандардите и терминологијата поврзана со IDN. Исто така се проверува и сличноста на низата со веќе постоечки и слични TLD, проблеми можат да се појават откако ќе биде доделена низата како top-level домен и каков ќе биде крајниот резултат кај крајните корисници во однос на протокот, времето на одговор, конзистентноста или кохерентноста на одговори на серверите.“

Поради сите овие проверки, во МАРНет не знаат кога ќе може да го користиме кириличниот домен, ниту пак има конкретен датум од ICANN за кога ќе завршат подготовките. Сепак постои оптимизам дека документацијата и проверките ќе поминат како што треба, и дека наскоро ќе може да им се приклучиме на Русија, Украина и Србија (и наскоро Бугарија) кои ја користат кирилицата. Како што велат Србите, наскоро ќе може да „линкуваме како што зборуваме“.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Фиданчо
Фиданчо
12 years ago

Незнам кој ќе најди практична примена во овие домени, IDN домените се pain in the ass за SEO и за генерална употреба, кога browserot ќе го преведи доменот излегува заебан како "xxz—-saf—aszxc—"