Македонија, Србија и Црна Гора бараат поевтини роаминг услуги во ЕУ

во ИТ.ЕУ, ИТ.МК

Македонија, Србија и Црна Гора испратија заедничко писмо до Европската Комисија со кое побараа да имаат исти цени за роаминг услуги како што имаат и земјите-членки на Европската Унија. Писмото доаѓа по веста дека Европската Унија од 1 јули ги намали роаминг цените за 36 отсто.

Намалувањето на цените за роаминг е дел од Дигиталната агенда која има за цел да креира еден единствен пазар во Европа, односно да обезбеди онлајн услуги и мобилна комуникација меѓу земјите-членки без ограничувања или штета на европјаните кои работат и се движат меѓу различните земји. Ова е второ намалување на роаминг цените во Европа, и истото ќе продолжи и следната година. Ако лани цената за еден мегабајт во роаминг беше 70 центи, сега е 45, а од наредниот јули 2014-та година ќе биде 20 евроценти или 12 денари. За жал, во Македонија цената на еден MB во роаминг во моментов е меѓу 100 и 200 денари.

Според ИТ министерот Иво Ивановски, следниот чекор кон приближување на трите соседни земји до Европа е да се направи промени во регулативите и да се постават нови правила за операторите да ги користат евтините роаминг тарифи на ЕУ.

„Бидејќи станува збор за група држави со над 10 милиони жители, се надеваме дека ова ќе биде прифатено сериозно од страна на ЕУ и Европската комисија, ќе извршат притисоци врз операторите и оти ќе ги направат соодветните измени на регулативата за да можат и нашите граѓани да користат цени еднакви на тие во ЕУ.“, вели ИТ министерот.

Сепак, писмото не гарантира дека ќе има намалување на цените. Српскиот министер за комуникации Расим Љаиќ вели дека ќе треба да помине време пред да се видат резултати од иницијативата, но сепак е добро што трите земји се расположени за соработка. Во таа насока се закажа состанок во септември кога ќе се потпише меморандум за соработка во телекомуникациите.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments