Хаклабот КИКА (Кика е: Информации. Култура. Автономија) постои речиси 4 години и е едно од ретките места во Македонија на кое секој може да го сподели своето знаење, како и да се здобие со некои нови. Досега, благодарение на КИКА и со помош на сите технолошки ентузијасти кои се вклучени во работењето на хаклабот, многумина успеале да се вклучат во програмите на Google (Google Summer of Code), GNOME (GNOME Women Outreach) и некои други помали. Со цел да опстане овој слободен простор, на хаклабот му е потребна вашата помош!
„Ни требаат околу 350 евра месечно, за да ги подмириме трошоците за изнајмување на просторот, да ги платиме месечните сметки за електрична енергија, вода и останати комуналии и секако, за да овозможиме одржување на неделните настани што се дел од програмата на хаклабот.“, се вели на официјалниот пост.
Повикот за донации и спонзорства е отворен до 31 јули, 2013 година, за сите правни и физички субјекти во Република Македонија, а податоците кои би ви биле потребни се следните:
Слободен софтвер Македонија ул. Злате Михајловски бр. 26 1000 Скопје
Сметка: 210057088340110
Банка: НЛБ Тутунска Скопје
Приходна шифра: 562 (Уплати за донации)
Цел на дознака: донација за проект КИКА
Коментари
4 коментари
Коментарите се затворени.