Има околу 7.000 македонски твитерџии кои најчесто ретвитуваат странски профили, открива Time.mk

Како што знаете, Time.mk од неодамна стартуваше сервис кој ги следи најпопуларните твитови од македонски корисници. Time.mk ја користи отвореноста на Twitter која е јавна мрежа каде твитовите може да ги види секој, па и тие што не се корисници, за да ги прегледа твитовите на најактивните македонски твитерџии, објаснува основачот Игор Трајковски.

Во моментов, според нивниот алгоритам, има околу 7.000 активни македонски твитерџии. Бројката е откриена од активностите на 2.400-те најактивни твитерџии, нивните ретвитови и одбележување на омилени твитови. Сепак, Time.mk ги следи твитерџиите кои се активни, не и бројните профили кои не твитаат ниту имаат следбеници. Ова значи дека сигурно има уште македонски корисници на Twitter, но тие едноставно не се споменати од никој поактивен, ниту ретвитнати. Можно е бројката на вкупниот број отворени профили – активни и неактивни – да биде меѓу 10.000 и 15.000, ако се земе профилот на Vip оператор како референца бидејќи има најмногу следбеници, околу 14.500 (види коментар од Дарко подолу). Сепак, ги броиме активните твитерџии бидејќи тие ја креираат комуникацијата.

Тоа што е интересно е што алгоритмот на Time.mk откри дека македонските твитерџии имаат повеќе интеракција (ретвитнале или одбележале како омилени) со странските профили. Имено, најактивните 2.400 профили ретвитнале или одбележале како омилени околу 30.000 други профили, од кои 7.000 се македонски, а 23.000 се странски. Пишувањето на кирилица или латиница не е фактор во алгоритмот.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
darko156
darko156
9 years ago

http://imgur.com/FY4fpqO уште еден линк со скриншотот, ќе се избрише тој за некој ден :))

види ги сите огласи на kariera.it.mk