Фондот за здравствено осигурување на Македонија стартува нови електронски услуги за физичките и правни лица, фирмите и здраствените установи кои треба да го заменат чекањето на шалтер. Со е-услугите, осигурениците нема да мора да ги подигнуваат сините картони бидејќи ќе имаат пристап до онлајн проверка на статус на осигурување за нив и нивното семејство, и ќе можат да сменат матични лекари кои, пак, ќе можат електронски да ги пријавуваат новите пациенти.
“Оние што немаат електронска картичка, исто така, ќе можат да ја направат промената кај ново-избраниот лекар, со тоа што лекарот ќе ја направи промената со својата електронска картичка, а осигуреникот ќе пополни ИЛ-образец, кој ќе стои во неговото досие.”, вели директорот на фондот, Јован Грповски.
За фирмите се нуди можност за електронска пријава во здравствено осигурување за лицата за кои има пристигнато М1 пријава од Агенцијата за вработување на Македонија, електронска пријава на нивни членови и одјава на членови. За да се користи оваа услуга овластеното лице мора да поседува електрoнска здравствена картичка.
Фондот најави дека во иднина ќе понуди уште електронски услуги и за останатите услугите кои во моментов ги нуди на осигурениците, фирмите и здравствените установи на шалтерите во подрачните служби.
Коментари
5 коментари
Коментарите се затворени.