Albafone е најавен како нов, виртуелен мобилен оператор кој ќе ги таргетира албанските корисници „кои“, како што вели директорот Ардиан Хоџа, „ќе ги третираме онака како што заслужуваат, рамноправно, со почит и на мајчиниот јазик“. Операторoт планира да стартува од август, со пуштање на 50.000 броеви во продажба. Броевите ќе бидат со префикс 073. Како виртуелен оператор, Albafone ќе ја користи мрежата на One.
Директорот на Агенцијата за електронски комуникации, Роберт Орданоски, вели дека виртуелените оператори можат да бидат успешен бизнис ако понудат поконкурентни услуги од поголемите оператори.
Albafone е втор виртуелен оператор кој најави дека ќе започне бизнис во Македонија. Првиот WTI Macedonia, подоцна ребрендиран во Ало Телеком, требаше да започне со работа во 2011 и подоцна во 2012-та година користејќи го префиксот 073 – истиот кој ќе го користи Albafone – но нивниот план никогаш не се реализираше. Причините се непознати, посебно сега кога и сајтот е изгасен.
Коментари
6 коментари
Коментарите се затворени.