0 коментари 2 мин. читање 30 јуни, 2013

ИТ Настан: Твитерџиите го прославија вториот Social Media Day

Social Media Day, настанот кој нè обединува во офлајн светот сите ние што се дружиме и на онлајн просторите, официјално е затворен. Денес, како што беше најавено, во Мотелот на Велешкото Езеро се одржа вториот по ред Social Media Day во Македонија на кој свои излагања имаа 9 корисници на друштвените мрежи, додека севкупно во дискусиите беа вклучени околу 60-70 луѓе.

Ги ислушавме приказните на Игор Бојаџиев (@i999y) кој зборуваше за формирањето на својот блог и неговиот „Твитер прашалник“ и листата „Најдоброто од Twitter“, Иван Димоски или попознат како @MedoDimoski зборуваше за точката на пресврт на друштвените медиуми, а интересно излагање имаше и Далибор Стајиќ (@daliboard) кој го сподели своето мислење за како друштвените медиуми влијаат врз македонскиот јазик и комуникацијата.

Social Media Day 2013

Исто така, своите приказни ги споделија и девојките од Skopje Casual кои зборуваа за почетоците на овој фешн блог и нивните настани, Зоран Маџовски (@zorangega) за своите почетоци на друштвените медиуми и нивното искусување, и Елена Трајковска од Solaborate. Настанот го затвори Игор Трајковски (@mkrobot) за „Најдобри твитови“ на TIME.mk, кој меѓу другото ни откри и дека во Македонија има околу 7.000 твитерџии.

Епа Фејсбукџии, Твитерџии, Инстаграмџии… нека ни е среќен денот на друштвените медиуми!

Напишано од

Борис Кузманов

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top