Што за вас значи активност на друштвените мрежи?
Неколку македонски медиуми го ископираа и објавија ПР текстот од истражувањето од Burson-Marsteller кое вели дека „Владата е најактивна македонска институција на Twitter“. Но, нека не ве лаже насловот да си помислите дека Владата одеднаш ги разбра друштвените мрежи. Во извештајот Twiplomacy, во кој се анализираат 505 профили од 153 земји, се вели и дека „македонските владини профили не @споменуваат ниту @одговараат на корисниците, ниту пак следат други светски лидери“. На кратко, владините профили на Twitter се само RSS канали на кои нема никаква интеракција со граѓаните. Читајте, но не прашувајте.
Бројот на објавените твитови од профилите @GeorgjeIvanov, @VladaMK, @GruevskiNikola и @NikolaPoposki ја искачуваат Владата на Македонија на 49-тото место на листата на најактивните светски лидери, но Владата не се наоѓа и на листите на 50-те најповрзани лидери, 50-те лидери со најголем број следбеници и 50-те лидери што најмногу комуницираат преку Twitter.
Добредојдовте на официјалниот Твитер профил на Владата на Република Македонија.
— Влада на Македонија (@VladaMK) October 29, 2011
Разгледани подетално, Twitter профилот на претседателот Ѓорѓе Иванов има испратено само три твитови за време на претседателските избори во 2009-та година. Премиерот Никола Груевски е далеку поактивен на Тwitter, но неговите твитови се автоматизирани пораки од Facebook. Влада.мк седум пати дневно твита вести објавени на официјалниот сајт. Министерот за надворешни работи Никола Попоски исто така го има поврзано својот профил со својот веб сајт, и според Тwiplomacy, е доста „формален“, иако е личен профил.
I posted 4 photos on Facebook in the album "Активности (јули 2013)" http://t.co/BLoTE4SBjr
— Nikola Gruevski (@GruevskiNikola) July 23, 2013
Споредено со другите странски лидери, македонските лидери се срамежливи да бидат поактивни на Twitter, пример да споделат слика, да ретвитаат или да се активираат во разговор со корисниците или другите светски политичари. Активноста е поинаква на Facebook каде дури и профилот на претседателот Иванов се ажурира редовно со фотографии и новости. Новите технологии, пред се друштвените мрежи треба да бидат искористени како алатки да го поврзат јазолот помеѓу граѓаните и политичарите, пред се оние на власт, за да се добие поотворено владеење. За жал, и покрај тоа што „Владата е најактивна македонска институција на Тwitter“ сепак таа нејзина активност е пасивна.
Twiplomacy покажа дека дека 77,7 отсто од светските лидери имаат Тwitter профил, а 68 отсто се поврзале со своите колеги. Сите 45 Европски влади имаат официјално присуство на Тwitter. Според истражувачите на Burson-Marsteller овој тренд на поврзување ќе продолжи и помеѓу компаниите и лидерите.
„Студијата покажува како Twitter и друштвените медиуми, генерално, станаа дел од секоја интегрирана владина комуникација.“, вели Џереми Галбраит, извршен директор на Burson-Marsteller за Европа, Среден Исток и Африка. „Иако Тwitter не е единствен канал на комуникација и нема да ги замени состаноците ‘лице – в – лице’, сепак овозможува директна интеракција меѓу луѓето. Очекувам да се зголеми бројот на компании и извршни директори кои, исто така, ќе прифатат нови алатки за поврзување со нашите светски лидери“.
Ти Тони прво да научиш колку жители има нашата земја. Второ, не гледаш дека бројот на следбеници се зема процентуално според бројот на жители? Зошто никој не размислува пред да објави нешто на Интернет?
Македонаксата влада неможе да биде најследена на твитер, па ве молам и сите 20000000 жители да ја следат сепак ќе биде во последни 10%, или според вас можеби треба кинези да не следат? А за одговорите на граѓаните преку твитер…..серизно, претседателот на владата или државата треба да твитаат цел ден на сите прашања? ако го прават тоа тогаш зошто би ги избрале, за да бидат твит-мастери. Па ајде најдете ми претседател на држава кој одговара на прашања на обични граѓани преку твитер, ама не урбан мит, туку со доказ, ајде твитни @AngelaMerkel и прашајте ја нешто, да видиме дали ќе ви одговори…….