IT настан: CodeFu 2011
Бојан Костадинов, Игор Кулев и Васја Павлов се тројцата најдобри програмери од финалниот CodeFu настан, кој се одржа во недела, 08 мај, во организација на Netcetera.
Бојан Костадинов, Игор Кулев и Васја Павлов се тројцата најдобри програмери од финалниот CodeFu настан, кој се одржа во недела, 08 мај, во организација на Netcetera.
Во склоп на активностите Денови на Кариера 2011, на 16-ти и 17-ти Април, на Машинскиот факултет во Скопје, ФЕИТ, ќе се одржи дводневен семинар со интерактивни предавања на тема „Развој на кариера во ИТ секторот".
Сподели знаење, сподели информација. Ова беше мотото првин на форумот, а сега и на целиот нов портал fakulteti.mk.
Стартува новиот сајт - finki.ukim.mk - на новиот Факултет за информатички науки и компјутерско инжинерствo.
Младинскиот образовен форум стартуваше ново интернет радио кое продуцира и споделува музички и информативни содржини кои се достапни на www.radiomof.mk.
Се повеќе можности се отвараат за македонските студенти. Заинтересираноста за практикантска работа, продолжување на студиите во странство или пак волонтирање во некоја организација расте. Многу студенти не знаат од каде да почнат со потрагата по едно такво место за нив. Оваа малечка листа нека ви е појдовна точка.
Отворениот пристап на информации ја буди креативноста, вели Дарко Божиноски, студент на ФОН универзитетот и дел од тимот кои ја креираа WORLD апликацијата.
ФИНКИ ќе започне со работа од студиската 2011/12 година. ФИНКИ - Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство, е нов факултет кој ќе ги спои досегашниве две информатички катедри од Природно-математичкиот факултет и Факултетот за електротехника и информациски технологии. Законот за формирање на ФИНКИ е изгласан од Собранието на 29 декември 2010 година, интересно, без глас против.
Секој студент од 13 до 18 години од било кој дел на светот преку својот интернет прелистувач може да се вклучи на Google-овиот светски саем за наука во партнерство со CERN, LEGO групацијата, National Geographic и Scientific American.
Охридскиот универзитет за информатички технологии „Св. Апостол Павле“ го претстави првиот македонски суперкомпјутер кој има 260 процесорски единици и користи Linux Cent OS.
Екипа студенти од ФЕИТ го освои четвртото место на неодамнешниот IEEEXtreme натреварот за програмирање меѓу 970 екипи со преку 2.700 учесници од целиот светот. На натпреварот, кој е организиран од интернационалниот Институт за електрични и електронски инженеринг (IEEE), учествуваше и втора екипа студенти од ФЕИТ која го освои 84 место, што ги пласира македонските студенти во горните 10 отсто од учесниците.
Сподели знаење, сподели информација. Ова е мотото на новиот македонски форум на fakulteti.com.mk. Форумот е наменет за споделување искуство и комуникација на сите студенти од сите универзитети.
За некои модерен, за други прагматичен, професорот по хумана генетика на Филозофскиот факултет, Владимир Трајковски ги користи дигиталните друштвени медиуми за да комуницира со студентите и да споделува информации за студиите и истражувања преку својот блог и преку својот Facebook профил.
<Надополнето @ 19.25> По објавувањето на текстот, бевме контактирани од маркетинг агенцијата на ИМБ Млекара кои не известија дека сите досега постирани лични податоци од страна на корисниците се отстранети и играта ќе биде моментално паузирана. Утре, по состанување со клиентот ќе ни достават официјално известување за што ќе се случи понатаму со случајот. </надополнување>
РобоМак е натпревар во роботика, организиран со цел да ги популаризира роботите меѓу студентите. РобоМак 2010 се одржа изминатиов викенд, а подолу ќе најдете слики и видео од настанот кој е организиран од Институтот за електрични и електронски инжинери (IEEE) и Европска асоцијација на студенти по електроника (EESTEK).
Колкави се платите на програмери во Македонија?
Mojakariera.com.mk го стартуваше вториот саем за кариера „E-Career Fair" кој трае целава недела. На онлајн саемот студентите и сите заинтересирани можат да учестуваат во чатови во живо со преставници од македонските компании и симулации за интервјуа, со тоа нудејќи им можност да започнат да си ја градат кариерата.
http://www.flickr.com/photos/bionicteaching/4309359503/ Училиште од Филаделфија ги шпионирало студентите во домашна атмосфера преку вебкамери на лаптопи кои им биле дадени за да им се помогне при учењето. Шпионирањето е откриeно откако едно дете било казнето „поради недолично однесување дома“, а заменик-директорот покажал фотографија сликана од веб камера како доказ, пишува BoingBoing.
Министерството за информатичко општество го објави својот „Википедија“ проект кој е иницијатива за збогатување на онлајн енциклопедијата со македонска содржина, иницијатива во која се вклучени неколку универзитети.
Е-uciliste.com е модерно решение за подобро образование, проект на Влатко Бутлески, наставник по стручни предмети во во средното електро-машинско училиште „Ристе Ристески – Ричко“ во Прилеп. Со помош на своите поранешни и сегашни ученици, г-дин. Бутлески одржува веб сајт на кој учениците можат да најдат наставни материјали, туторијали, разни помошни информации и да решаваат тестови […]