<Надополнето 3.11.10>„Иако поголем дел од факултетите имаат веб страни, не се добро ажурирани, т.е. немаат доволно информации. Пример го земам Филолошки факултет, таму иако студентите праќаат е-пораки до професорите, најголем дел од нив не добиваат одговори. Студентите може да разменуваат мислења, идеи, знаење, материјали, информации, искуства од колоквиуми и испити и се останато поврзано со факултетите и образованието. Не би сакал да има ограничување во мислењата на студентите, сепак тие се слика на идното академско опкружување во нашата земја, па и пошироко, и затоа не би требало да има ограничување на говорот и мислите на студентите.“, вели Марјан Алексовски, студент на Институтот за информатика при ПМФ и креатор на fakulteti.com.mk.
„Сега за сега останувам на форум, планови нема, но има идеи. :) Во зависност од тоа како ќе се одвиваат работите со форумот, посетеноста, темите, и начинот на функционирањето, така и ќе ги насочувам и развивам моите идеи.“
</надополнување 25.10.10>
Форумот на fakulteti.com.mk e поделен на неколку категории за:
- општи информации,
- за информации во врска со државните универзитети,
- за приватните универзитети,
- за студентски информации, за скрипти и учебници, кредити и стипендии, студентски домови, студенти низ светот, семинари…
- огласи за пракса, вработување, продавам и купувам
- сеирџилница, мора да има место за фаќање сеир на студенти од други факултети :)
Тоа што е интересно е што форумот е на посебна страна на доменот fakulteti.com.mk па можеби по форумот ќе видиме некој интересен студентски портал.
За fakulteti.com.mk можете да споделите пофалби, забелешки и сугестии или на нивниот форум или на форумот на It.com.mk.
Коментари
7 коментари
Коментарите се затворени.