0 коментари 1 мин. читање

ИТ настан: Викенд на интерактивни предавања за развој на ИТ кариера

Студентите кои ќе земат учество ќе имаат шанса да присуствуваат на предавања на кои ќе се дискутира за најактуелните ИТ теми и за состојбата на ИТ секторот во државата и пошироко и на кои своето знаење и искуство ќе го споделат искусни предавачи од овој сектор.

Комуникациските и презентациските вештини на студентите ќе им ги доближат професионалци за обука на кадри од најпознатите тренинг центри. Учество на семинарот ќе земат и компании како што се Семос, Microsoft Македонија, Vip, Ембра корпорација, Innovation Academy и др.

Цената на картата изнесува 350 денари, картите можат да се набават пред почетокот на семинарот. Повеќе информации на Facebook профилот.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top