IEEEXtreme е глобален натпревар во кој екипи составени од студенти – членови на студентските ограноци на IEEE, под менторство на постар член на IEEE, се натпреваруваат 24 часа во решавање повеќе алгоритамски проблеми.
Првата екипа составена од Јордан Паликрушев, Бојан Костадинов и Игор Кулев, заврши на високото четврто место и ја освоија наградата за најдобра екипа од Регион 8 на IEEE (во кој спаѓаат Европа, Блискиот Исток, Русија и Африка). Втората екипа составена од Мите Митрески, Бојана Поповска и Никола Судијовски, го освоија осумдесет и четвртото место. Екипите беа под менторство на д-р Андреа Кулаков и м-р Петре Ламески.
На овој натпревар кој се одржува по четврти пат, македонскиот студентски огранок на IEEE учествува по првпат годинава.
Честитки до двата тима за успехот!
Коментари
12 коментари
Коментарите се затворени.