„Суперкомпјутерот е склопен од студентите за студентите, од евтини компоненти и нема да бара многу за одржување.“, вели асистентот по информатички науки на универзитетот, Драги Кимовски.
Компјутерот е составен од два дела, core делот има 250 процесори и 300 GB RAM меморија, и сервер од 30 терабајти големина + дополнителен дел кој наместо хард диск ќе снима директно во меморијата и ќе овозможи студентските лаптопи да се поврзуваат во cluster.
Вкупно се потрошени 15.000 евра за изработување на суперкомпјутерот, но интересно сите делови се купени од продавница. Ниедна матична плоча не вреди повеќе од 5.000 денари, вели асистентот Кимовски. Затоа е и лесен за одржување, вели тој.
Компјутерот ќе биде достапен за користење преку интернет за сите заинтересирани корисници, а предност ќе имаат образовните и научни институции. Ќе се добива пристап преку логирање, но ќе има ограничувања.
„Ќе има ограничување, ќе се користи за паралелно програмирање, за да се избегне злоупотреба на моќта на машината.“, вели Кимовски додавајќи: „Целта ни е да им служи во наредните 5-10 години за креирање на професионални кадри.“
Суперкомпјутерот се уште нема име, а неговото официјалното претставување ќе биде на 20-ти декември.

Коментари
64 коментари
Коментарите се затворени.