WORLD, .мк open data апликација за едукација и информирање

во Веб, ИТ.МК, Свет

WORLD (или World Bank Random Linked Data) сервисот е креиран за да учествува на натпревар на Светска Банка каде целта е да се искористат отворените сурови статистики и податоци да се направат „апликации за развој“ кои треба да информираат и едуцираат. На натпреварот се пријавија 108 веб апликации од 36 земји, а меѓу нив и WORLD која генерира случајни (random) информации и статистики со цел да едуцира и помогне во достигнување на Милениумските цели, односно да помогне да се реши проблемот со сиромаштијата, да се срушат стереотипите, да има образование за сите, да се намали детската смртност…

„При креирањето на нашата апликација најпрвин требаше да се одлучиме кои податоци ќе ги користиме, бидејќи DataSet-от кој го понуди Светска банка нудеше податоци од различни области за сите држави во светот! За почеток се одлучивме нашата апликација да користи податоци од областа ‘oбразование’ со можност за понатамошна надоградба, а нашата цел беше информирање и едукација со крајна цел будење на свеста кај луѓето особено во државите каде што образовниот процес не е се уште добро развиен.”, вели Дарко.

Натпреварот на Светска банка го истакнува Open Data пристапот, односно слободен пристап до сурови податоци, статистики и други информации со кои можат да се креираaт апликации за да се информира и едуцира.

„Тоа што најмногу ми се допаѓа кај Open data пристапот е што отворениот пристап на информации ја буди креативноста кај луѓето, создава нови можности. Тоа е свет во кој секој имаат пристап до информација и може да ја искористи за подобрување на самиот себе, како и општеството во кое живееме.“

Веб сервисот е базиран на .NET технологијата и е напишан во C# програмскиот јазик и користи еден веб метод „worldservice“. Повеќе технички детали ќе најдете на сајтот на WORLD.

За во иднина, WORLD тимот планира да го зголеми бројот на генерирани податоци, да се направи можност за сортирање, замена на Access дата база во MS SQL кои се покорисни при работа со голем број податоци, да се креира Facebook и мобилна апликација и да се преведат податоците на повеќе јазици. Моментално се на англиски и македонски.

Доколку сакате да гласате за една од бројните апликациите на натпреварот на Светска Банка, погледнете ја листата на апликациите. Линкот за WORLD е http://appsfordevelopment.challengepost.com/submissions/1501-world.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
2 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
Дарко
Дарко
13 years ago

Да , да користевме. Разгледавме кои податоци ни се потребни и потоа требаше да изнајдеме начин да ги селектираме нив и притоа да ги прилагодиме на соодветен начин за нашата апликација.

Никола
Никола
13 years ago

Дечки, користевте некоја data mining техника за обработка на податоците?

види ги сите огласи на kariera.it.mk