IT настан: CodeFu 2011

CodeFu e натпревар во програмирање за студенти, апсолвенти и постдипломци. Главниот натпревар се состои од две онлајн квалификациски рунди и една финална рунда која се одржува во клубот Ентернет. Најдобрите 32-ца од претходните две онлајн квалификациски рунди добија можност да ги покажат своите програмерски вештини и да ги решат 5-те алгоритамски проблеми за време од 3 часа.

Оваа година како најдобри се покажаа Бојан Костадинов (1250 поени), Игор Кулев (1125) и Васја Павлов (1000). Како најдобри на натпреварот ќе патуваат на овогодинешната Jazoon ’11 Меѓународна Конференција на Модерна Софтверска Уметност која се одржува од 21 – 23 јуни во Цирих, Швајцарија.

Покрај главниот CodeFu, се одржуваат и три сезонски натпревари, community натпревари каде проблемите ги поставува еден од CodeFu учесниците, како и shortest solution натпревар каде се бара најкратко решение за проблемите од претходниот натпревар.

IT.com.mk им честита на победниците и им посакува убав помин во Цирих!

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments