Надополнето: BiFruit ги отстрани личните податоци

Пред неколку дена, ИМБ Млекара ги објави официјалните Facebook профили на своите брендови. Од почеток се гледаше дека е вложен труд во BiMilk и BiFruit, дека се работи за фино изработени профили, со опширни информации, фотографии од продуктите, посебни табови и плус страниците беа поддржани со рекламни пораки… фино.

Но, по само неколку дена успешно опстојување на Facebook, ИМБ, или пак нивната маркетинг агенција која го менаџира сето ова (се уште немаме официјални информации), направија критична грешка. Стартуваа наградна игра со која ги изложија личните податоци на број студенти, малолетни средношколци и ученици. Правилата на играта се дека секој кој сака да учестува на натпреварот мора да пријави сведителство или диплома од завршената училишна година. На тие сведителства секако се наоѓаат личните податоци како име, презиме, татково име, место на живеење, датум на раѓање, број на индекс, матичен број и сл.

Ваквото барање и вид на наградна игра на ИМБ Млекара е спротивно на Законот за заштита на личните податоци, каде што е наведено дека личните податоци мора посебно да бидат третирани и обработувани и дека личните податоци се “собираат за конкретни, јасни и со закон утврдени цели и се обработуваат на начин што е во согласност со тие цели.”

На прашање од Facebook корисник зошто мора да бидат објавени лични податоци за да се учествува во играта, администраторите на BiFruit одговараат дека:

“Документите ги објавуваат учениците и студентите да учествуваат во наградната игра. Правилата се дадени во јазичето Дискусии. Доколку некој сака може да ги зацрни останатите полиња освен името, предметите и оценките.”

Наградите кои студентите и учениците ќе ги добијат во замена за објавување на своите лични податоци се BiFruit пакети со подароци во кои се наоѓа пакет на BiFruit сокови по избор на добитникот и сет на брендирани чаши!

Во време кога луѓето масовно го користат Facebook, јасно е и дека компаниите ќе се обидат да се приближат до своите корисници со иновативни начини како наградни игри и натпревари, но што не треба да се заборави е дека сите овие нови медиуми си носат и нови предизвици и проблеми. Исто така, интересно во вакви ситуации е да се следи и разумот и однесувањето на потрошувачите и колку тие си ги ценат своите лични податоци…

Дополнително инфо: Се обидовме телефонски да контактираме со маркетинг одделот на ИМБ, но бевме известени од обезбедувањето дека нема никој по 16:00 часот и дека неможе да ни биде даден мобилен контакт од одговорните. Исто така се обидовме да контактираме и со ДЗЛП, но и таму никој не се јавува после 16:00 часот.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
10 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Цветан Цвеле

Бооо ич не сум назад со информациите. Дури сега гледам дека грешката си ја поправиле BiFruit. Супер вест, ме израдва ептен

Nikola
Nikola
14 years ago

како не разбрав порано, за 1 пакет сокови ќе им дадев и диплома од градинка кај што одев :D

DeeJayZone
14 years ago

Сте им отвориле очи.
Барајте да Ве честат по еден пакет млеко и сокови. ;)

Igor
Igor
14 years ago

pa barajte pred 16 casot :)

Filip Stojanovski
14 years ago

Одличен напис! За пофалба.

blaze koneski
blaze koneski
14 years ago

Odstrani se pisuva oTstrani ustvari

Viktr Ars
14 years ago
Reply to  blaze koneski

popraveno tnx :)

@mukaetov
14 years ago

#mkfail

Крсте Поткоњак
Reply to  @mukaetov

Грешка си #mkwin e ова :)

@mukaetov
14 years ago

#mkfail беше наменето за BiFruit

види ги сите огласи на kariera.it.mk