Факултети.мк е веб место каде можат да се најдат куп информации за разните факултети, да се споделат разните искуства и да се дојде до најновите конкурси и вести релевантни за студентите. Има и листа на стипендии и вработување.
Форумот на Fakulteti.mk продолжува да биде активен со информации за секој поединечен факултет и место каде студентите можат да споделат материјали и дискутираат, додека порталот функционира како место за вести.
Ова е интересна идеја бидејќи секој факултет си има свој сајт, но сите се расфрлани со свои посебни домени кои се посетувани од студенти кои одат на тие насоки и кои освен потребните-за-насоката-информации нема други детали, пример вести за студентски реформи.
Целиот проект е на 4-ца млади ентузијасти кои се самофинансираaт и немаaт поддршка во позадина, но се отворени за секаков вид на соработка.
Коментари
9 коментари
Коментарите се затворени.