0 коментари 2 мин. читање 17 март, 2010

E-Career Fair, веб саем за кариера

Компаниите пак имаат можност да се престават преку виртуелен штанд и презентација. Има над 30 виртуелни штандови на компании и на 10 образовни институции.

„Електронски саем за кариера претставува современ начин на интеракција на студентите и средношколците со менаџерите на претпријатијата и образовните институции.

Преку виртуелниот простор на порталот www.mojakariera.com.mk студентите и средношколците се информираат за можностиоте за пракса и вработување во претпријатијата, како и за образовните услуги на универзитетите и средните стручни училишта, а претпријатијата ја презентираат својата развојна политика и ги регрутираат своите идни вработени од најдобрите можни кандидати. “ велат од MojaKariera.com.mk.

Интерактивиот саем за кариера е во организација на Националната програма за практикантска работа и вработување „Моја Кариера“ во рамките на Проектот на УСАИД за конкурентност.

Тука ќе најдете поопширно интервју кое го направивме за првиот саем за кариера.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top