ФИНКИ започнува со работа од септември 2011-та и ги вклопува во едно двата ИТ институти од Природно-математичкиот факултет и Факултет за електротехника и информациска технологија. ФИНКИ сега ќе ги искористи целосно ресурсите за себе кои, досега, популарните ИТ насоки мораа да ги распределат заедно со другите разни институти на двата факултета. Вака ќе може да се прошири образовната дејност на повеќе полиња, креирајќи посовремен ИТ кадар.
Во моментов на сајтот, кој е интересно и едноставно дизајниран, може да се најдат информации за студиите, уписите и квотите, наставниот кадар, а наскоро ќе бидат додадени и повеќе ресурси. Покрај сајтот, ФИНКИ има и свој Facebook и Twitter профил кои сигурно ќе помогнат во споделување информации.
Новиот ФИНКИ привлече огромно внимание од студентите. Kога објавивме текст за негово формирање пред некој месец, текстот беше илјадници пати прочитан и собра стотина коментари.
Коментари
5 коментари
Коментарите се затворени.