Дамјан Давков освои бронзен медал на Балканската олимпијада по информатика во Словенија
По историското злато на Европската јуниорска олимпијада, сега имаме уште едно успешно претставување на македонските средношколци – информатичари, како заокружување на уште една успешна година за Македонија на олимпијадите по информатика. На 30-тата по ред Балканска олимпијада по информатика (БОИ 2023), која од 29-ти октомври до 3-ти ноември се одржува во Марибор, Словенија, нашите ученици постигнаа успех. […]