Написи тагирани со Samsung

322 написи
Редакција
1
Avatar photo Дамјан Дано Мобилни Свет

AndroidLand: Продавница за Android уреди

Австралискиот оператор Telstra во Мелбурн отвори ексклузивна продавница за Android уреди, која тие тврдат дека е прва од ваков вид во светот. Во соработка со Google и неколкуте производители на уреди за Android (HTC, Motorola, LG, Samsung и Sony Ericsson) оваа продавница ќе понуди секаков вид уреди и опрема за Android и совети и инструкции […]

0 коментари Прочитај 5 декември, 2011
Редакција
1
Мартин Јовчески ИТ.ЕУ

Европската Комисија покрена истрага за Apple и Samsung

Европската Комисија покрена истрага за анти-компетитивност помеѓу Apple и Samsung, компании кои се вклучени во повеќе од 20 судски процеси во 10 држави, тужејќи се за прекршување на патенти, со цел да открие дали овие компании ги прекршуваат европските закони. Европската Комисија има испратено барања до двете компании за информации поврзани со наметнување на стандардно […]

0 коментари Прочитај 7 ноември, 2011
Редакција
1
Мартин Јовчески Мобилни

Samsung го претрка Apple

Според истражување на Strategy Analytics за периодот од јули до октомври, Samsung го помина Apple во испорачката на паметни телефони, иако Apple беше на првото место само еден квартал. Samsung, во периодот од јули до октомври придонесува со 23,8 отсто од вкупниот број на испорачани паметни телефони, или 27,8 милиони телефони, додека Apple контролира со […]

0 коментари Прочитај 28 октомври, 2011
Редакција
1
Мартин Јовчески Мобилни

Microsoft заработува од повеќе од половина Android уреди

Microsoft ја додаде и тајванската компанија Compal Electronics Inc. во листата на произведувачи кои имаат потпишано патент лиценца со американската компанија за користење на оперативниот систем Android на своите уреди. Со овој нов договор, Microsoft веќе има потпишано со повеќе од половина од компаниите кои произведуваат уреди што користат Android. Договорот со Compal Electronics Inc, […]

1 коментар Прочитај 24 октомври, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција ИТ.МК Хардвер

Vip го донесе Samsung Galaxy Tab 10.1

Дефинитивно настапува ерата на таблет уредите насекаде низ светот, па и во Македонија, вели мобилниот оператор Vip кој го донесе новиот таблет компјутер Samsung Galaxy Tab 10.1 3G. Galaxy Tab 10.1 за македонските корисници е достапен со Vip 3G Таблет тарифите по цени од 9.999 денари, 14.999 денари и 19.999 денари. 3G таблет тарифите на […]

3 коментари Прочитај 21 октомври, 2011
Редакција
1
Виктор Дано Свет

Samsung бара iPhone 4S да се забрани во Австралија и Јапонија

По барањето на забрана на продажбата на iPhone 4S во Италија и Франција, сега SAmsung побара забрана на телефонот на Apple и во Австралија и Јапонија. „Apple продолжува да ни ги прекршува патентите и слободно да ја искористува нашата технологија. Нема да стоиме на страна и соодветно ќе си ја заштитиме интелектуалната сопственост”, вели Samsung. […]

5 коментари Прочитај 17 октомври, 2011
Редакција
1
Мартин Јовчески Мобилни

Ice Cream Sandwich и Nexus Prime ќе бидат претставени на 19 октомври во Хонг Конг

Откако првично ја одложија конференција на која ќе ја претстават новата верзија на оперативниот систем Android, Ice Cream Sandwich, Google и Samsung официјално повторно ја закажаа на 19 октомври во Хонг Конг. Конференцијата ќе биде во живо прикажана на официјалниот YouTube канал на Android. Покрај претставувањето на новиот Android Ice Cream Sandwich, на конференцијата се […]

0 коментари Прочитај 14 октомври, 2011
Редакција
1
Мартин Јовчески Мобилни Свет

Apple ја забрани продажбата на Samsung Galaxy Tab 10.1 во Австралија

Австралискиот федерален суд го одобри барањето на Apple да се забрани продажбата во Австралија на таблет компјутерот на Samsung, Galaxy Tab 10.1. Причина за оваа забрана е тужбата на Apple според која Samsung безсрамно го копирал нивниот производ, таблет компјутерот iPad, вклучувајќи и прекршување на неколку патенти. Samsung, како одговор на одлуката на австралискиот суд, […]

4 коментари Прочитај 13 октомври, 2011
Редакција
1
Мартин Јовчески Свет

Битката меѓу Samsung и Apple се префрли на улица

Борбата за мобилна доминација продолжува помеѓу Samsung и Apple, но овој пат наместо во судница, борбата се префрли на улица. Samsung, на само неколку метри од продавницата на Apple во Сиднеј, изнајми простор за нивна продавница од каде на потрошувачите им се нуди Samsung Galaxy S II за само два долари. Покрај овој паметен телефон, […]

0 коментари Прочитај 12 октомври, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Мобилни Свет

Samsung и Google го одложија претставувањето на Nexus Prime поради смртта на Стив Џобс

Претставувањето на следното „големо нешто“, како што го најавуваат Samsung и Google, е одложено поради смртта на Стив Џобс. Иако двете компании Samsung и Apple се во судски војни за прекршување на патенти, 20 тужби во 10 различни земји кои можат да завршат со забрани на продажба на паметните телефони и таблет компјутери, Samsung се […]

2 коментари Прочитај 10 октомври, 2011
Редакција
1
Мартин Јовчески Мобилни

Прво видео од Nexus Prime и Android Ice Cream Sandwich

Иако на YouTube каналот androiddevelopers се појави видео на кое пишуваше дека конференцијата Samsung Unpacked ќе започне за 4 дена и 20 часа, Google, заедно со Samsung, се предомислија и го одложија настанот на неодредено време. На настанот требаше да се претстави новата генерација на мобилниот оперативниот систем Android. Новата генерација Ice Cream Sandwich има […]

0 коментари Прочитај 7 октомври, 2011
Редакција
1
Мартин Јовчески Хардвер

Samsung и Micron ќе креираат нова мемориска технологија

Samsung и Micron го основаа конзорциумот Hybrid Memory Cube, со цел да развиваат и промовираат нова ултра-збиена мемориска технологија која треба да биде побрза, поефикасна и поефтина од веќе постоечката DRAM. Во овој конзорциум влегуваат и компаниите Altera, Open Silicon и Xilings. Hybrid Memory Cube ќе има за цел да ја надмине моменталната мемориска технологија […]

0 коментари Прочитај 7 октомври, 2011
Редакција
1
Мартин Јовчески Мобилни Хардвер

Samsung: Galaxy S II е подобар од iPhone 4S

Apple во вторникот ja претстави новата генерација на iPhone, 4S, што за многумина беше и мало разочарување бидејќи се очекуваше сосема нов редизајниран iPhone, а не само подобрена верзија на iPhone 4. Доказ за ова разочарување е падот на акциите на Apple веднаш по претставувањето на новиот паметен телефон. Се разбира адутот на Apple во […]

20 коментари Прочитај 6 октомври, 2011
Редакција
1
Мартин Јовчески Свет

Samsung бара забрана за iPhone 4S во Италија и Франција

Правната битка помеѓу Samsung и Apple сè повеќе се разгорува. Ден после претставувањето на новиот iPhone 4S, корејскиот гигант најави дека ќе поднесе барање за забрана на негова продажба во Италија и Франција. Причина за ова барање е наводното прекршување на патенти од страна на Apple. Samsung исто така најави дека ќе поднесе тужби против […]

0 коментари Прочитај 5 октомври, 2011
Редакција
1
Мартин Јовчески Свет

Samsung ќе му плаќа на Microsoft за секој продаден Android

Samsung, исто како и HTC, потпиша договор со Microsoft според кој се обврзува за секој продаден паметен телефон кој работи на Android да исплаќа процент. Microsoft побара ваков договор уште пред неколку месеци. Покрај овој договор, Samsung и Microsoft се исто така договорија да работат заедно на подобрување и рекламирање на Windows Phone. Причина за […]

0 коментари Прочитај 29 септември, 2011
Редакција
1
Мартин Јовчески Свет

Samsung бара да се забрани продажбата на iPhone и iPad во Холандија

Samsung бара од холандски суд да им забрани на Apple да ги продаваат своите iPhone паметни телефони и iPad таблет компјутерите во Холандија. Според Guardian, Samsung својата тужба ја базира на тоа дека американската компанија не ја плаќа лиценцата за да ја користи 3G мобилната технологија. Samsung во судот во Хаг има поднесено четири тужби […]

0 коментари Прочитај 27 септември, 2011
Редакција
1
Мартин Јовчески Мобилни

Samsung испорача 10 милиони Galaxy S II телефони за само пет месеци

Samsung објави дека нивниот паметен телефон Samsung Galaxy S II e испорачан 10 милиони пати, со што стана најпродаваниот телефон во историјата на оваа корејска компанија. Станува збор за навистина импресивна бројка со оглед на тоа што Samsung Galaxy S II беше претставен пред само пет месеци. Интересно за овој модел е тоа што пред […]

1 коментар Прочитај 26 септември, 2011
Редакција
1
Мартин Јовчески Мобилни Софтвер

Mобилниот оперативен систем Bada на Samsung ќе биде со отворен код

Според Wall Street Journal, Samsung наредната година својот мобилен оперативен систем Bada ќе го направи open source. Samsung веќе имаат изјавено дека не планираат да купуваат мобилен оперативен откако излегоа шпекулациите дека постои можност да го откупат оперативниот систем на HP, WebOS. Причина за потегот на Samsung да го oслободи кодот на Badа e потегот […]

0 коментари Прочитај 20 септември, 2011
Редакција
1
Мартин Јовчески Свет

Samsung ќе го тужи Apple веднаш по претставувањето на iPhone 5

Apple го тужи Samsung веќе некое време низ цел свет, од САД па се до Австралија. Многу од тужбите американската компанија успеа да ги добие. Се разбира оваа ситуација воопшто не им се допаѓа на Samsung, па одучија да го возвратат ударот заканувајќи се дека ќе се обиде да ја забрани продажбата на најновиот iPhone […]

0 коментари Прочитај 19 септември, 2011
Редакција
1
Мартин Јовчески Мобилни Свет

iPhone не е веќе кул за помладите, вели директор на HTC

Доколку имате iPhone тогаш не сте во мода, барем така смета претседателот на HTC Америка, Мартин Фихтер, кој на конференцијата Mobile Future Forward во Сиетл изјави дека младите во iPhone не гледаат паметен телефон кој е „кул“. Овој заклучок тој го има добиено по разговор со пријателите на неговата ќерка, по што неформално направил анкета […]

0 коментари Прочитај 14 септември, 2011
Мени
Заедница
Изглед
To top