0 коментари 1 мин. читање

Samsung ќе го тужи Apple веднаш по претставувањето на iPhone 5

Apple го тужи Samsung веќе некое време низ цел свет, од САД па се до Австралија. Многу од тужбите американската компанија успеа да ги добие. Се разбира оваа ситуација воопшто не им се допаѓа на Samsung, па одучија да го возвратат ударот заканувајќи се дека ќе се обиде да ја забрани продажбата на најновиот iPhone во Јужна Кореја, пишува Korea Times.

Samsung планира да ги тужи Apple веднаш штом биде претставен iPhone 5 во Јужна Кореја. Основа за оваа тужба ќе бидат патентите на Samsung поврзани со нивната безжична технологија. Иако најновата петта верзија на iPhone сè уште не е официјално излезена, ниту пак постојат конктетни информации за истата, Samsung веќе се спрема за тужби.

Правната битка помеѓу овие два технолошки гиганти трае со месеци. Apple успеа во неколку држави да ја забрани продажбата на таблет компјутерот Samsung Galaxy Tab, како и на паметниот телефон Samsung Galaxy S. Продажбата на Samsung Galaxy Tab моментално е забранета во Германија, додека пак продажбата на паметните телефони на Samsung е забранета  во Холандија и неколку други држави од Европската Унија. Моментално Apple и Samsung се тужат во Велика Британија, Кореја, и Јапонија, а поради правната битка во Австралија, Samsung одлучи да го одложи лансирањето на Galaxy Tab на тој континент.

Напишано од

Мартин Јочвески е дипломиран филолог, основач на музичкиот веб сајт, Bass Infusion, како и радио водител на Канал 103 и Студент ФМ. Покрај љубовта кон музиката, Мартин има огромен интерес за најновите остварувања во информатичката технологија и мобилната телефонија.

Мени
Заедница
Изглед
To top