3 коментари 1 мин. читање

Vip го донесе Samsung Galaxy Tab 10.1

Дефинитивно настапува ерата на таблет уредите насекаде низ светот, па и во Македонија, вели мобилниот оператор Vip кој го донесе новиот таблет компјутер Samsung Galaxy Tab 10.1 3G.

Galaxy Tab 10.1 за македонските корисници е достапен со Vip 3G Таблет тарифите по цени од 9.999 денари, 14.999 денари и 19.999 денари. 3G таблет тарифите на Vip се со вклучен сообраќај од 1GB за 990 денари/месечно, со вклучен сообраќај од 3GB за 1490 денари/месечно, или 6GB за месечна претплата од 1990 денари/месечно.

Samsung Galaxy Tab 10.1 работи на Android Honeycomb ОС, има 10.1-инчен 1280×800 LCD екран, 1GHz dual-core nVidia Tegra 2 процесор, 1GB RAM, 3 мегапиксели задна камера, 2 мегапиксели предна, со поддршка за 720p HD видео… Спефицикациите ќе ги најдете на сајтот на Samsung.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

3 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top