Microsoft ја додаде и тајванската компанија Compal Electronics Inc. во листата на произведувачи кои имаат потпишано патент лиценца со американската компанија за користење на оперативниот систем Android на своите уреди. Со овој нов договор, Microsoft веќе има потпишано со повеќе од половина од компаниите кои произведуваат уреди што користат Android.
Договорот со Compal Electronics Inc, компанија која прави паметни телефони и таблет компјутери за трети страни, е деветиот патент договор на Microsoft во последните четири месеци. Според официјалниот блог на Microsoft, американската компанија сега заработува од повеќе од половина од вкупниот број на Android уреди кои се наоѓаат на глобалниот пазар.
Од поголемите произведувачи, Microsoft минатата година потпиша договор со HTC, според кој тајванската компанија за секој продаден паметен телефон што го користи оперативниот систем Android мора на Microsoft да му дава пет долари. Минатиот месец ист таков договор Microsoft потпиша и со Samsung, компанија кој има најголема продажба на Android уреди.
Доколку не се согласат да платат лиценци американската компанија ги тужи производителите. Во март Microsoft поднесе тужба против Barnes & Nobles, како и произведувачите Foxconn и Inventec. Microsoft исто така моментално се тужи и со Motorola Mobile која беше купена од Google за 12,5 милијради долари.
Светот на птентите …
И не се чудејте зошто еден iphone (или галкси) е поскап од opel corsa на старо сите сакат да печалат и додека спијат . И зошто адвокат е ѓаволска професија