0 коментари 2 мин. читање 14 октомври, 2011

Ice Cream Sandwich и Nexus Prime ќе бидат претставени на 19 октомври во Хонг Конг

Откако првично ја одложија конференција на која ќе ја претстават новата верзија на оперативниот систем Android, Ice Cream Sandwich, Google и Samsung официјално повторно ја закажаа на 19 октомври во Хонг Конг. Конференцијата ќе биде во живо прикажана на официјалниот YouTube канал на Android.

Покрај претставувањето на новиот Android Ice Cream Sandwich, на конференцијата се очекува  дека ќе биде претставен и првиот паметен телефон кој ќе работи на овој оперативен систем. Станува збор за паметниот телефон Samsung Galaxy Nexus, или попознат како Nexus Prime, кој ќе може да се пофали со TI OMAP 4460 dual-core 1,2 GHz процесор, 1 GB RAM, 32 GB внатрешна меморија, и камера од 5 мегапиксели со можност за снимање за 1080 HD снимање.

По повод лансирањето на новата верзија на Android, конечно на Twitter се појави официјален Android профил, @Android, каде сè уште нема баш што да се чита, меѓутоа наскоро таа ситуација ќе се промени. Првиот споделен твит од овој профил е видеото кое можете да го погледнете подоле.

Напишано од

Мартин Јовчески

Мартин Јочвески е дипломиран филолог, основач на музичкиот веб сајт, Bass Infusion, како и радио водител на Канал 103 и Студент ФМ. Покрај љубовта кон музиката, Мартин има огромен интерес за најновите остварувања во информатичката технологија и мобилната телефонија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top