0 коментари 2 мин. читање 12 октомври, 2011

Битката меѓу Samsung и Apple се префрли на улица

Борбата за мобилна доминација продолжува помеѓу Samsung и Apple, но овој пат наместо во судница, борбата се префрли на улица. Samsung, на само неколку метри од продавницата на Apple во Сиднеј, изнајми простор за нивна продавница од каде на потрошувачите им се нуди Samsung Galaxy S II за само два долари. Покрај овој паметен телефон, Samsung се обидува да ја испромовира и својата музичка платформа Music Hub.

Оваа промотивна активност на Samsung, која започна само неколку дена пред официјалното претставување на iPhone 4S во Австралија, важи само за првите десет корисници во денот кои ќе влезат во продавницата и ќе трае само една недела. Нормално, пред продавницата на Samsung веќе има далеку поголем ред кој се протега се до продавницата на Apple.

Оваа промотивна активност на Samsung успеа да одвлече многу од корисниците кои чекаа ред за новиот iPhone. Сепак, според The Sydney Morning Herald, има многумина корисници кои што го чекаат новиот iPhone 4S на кои не им се допаѓа начинот на промоција на Samsung и тоа што секој ден им доаѓаат промотери кои ги тераат да застанат во редицата за Samsung Galaxy S II.

Ова е прилично низок удар на Samsung, со оглед на тоа што само неколку дена претходно корејската компанија одлучи да го откаже откривањето на новиот Samsung паметен телефон, во знак на почит за скоро починатиот директор на Apple, Стив Џобс.

Напишано од

Мартин Јовчески

Мартин Јочвески е дипломиран филолог, основач на музичкиот веб сајт, Bass Infusion, како и радио водител на Канал 103 и Студент ФМ. Покрај љубовта кон музиката, Мартин има огромен интерес за најновите остварувања во информатичката технологија и мобилната телефонија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top