0 коментари 2 мин. читање

Samsung ќе му плаќа на Microsoft за секој продаден Android

Samsung, исто како и HTC, потпиша договор со Microsoft според кој се обврзува за секој продаден паметен телефон кој работи на Android да исплаќа процент. Microsoft побара ваков договор уште пред неколку месеци. Покрај овој договор, Samsung и Microsoft се исто така договорија да работат заедно на подобрување и рекламирање на Windows Phone.

Причина за потпишувањето на ваков договор е Samsung да добие дозвола за користење на патентите на Microsoft кои се дел од оперативниот систем Android. Samsung очигледно не сметаат дека потегот на Google да ja купи Motorila Mobility и нивните патенти ќе помогне во спречување на понатамошни тужби поврзани со оперативниот систем на Goole. Microsoft веќе ја тужи Motorola Mobility за прекршување на 9 патенти, и сигурно е дека и Samsung би ја доживеал истата судбина доколку останат со Google кој пак сигурно повеќе внимание ќе посвети на Motorola Mobility, компанија за која даде 12,5 милијарди.

Microsoft во изминатите неколку месеци потпиша неколку вакви договори со хардверски компании кои го користат оперативниот систем Android, меѓу кои спаѓаат Acer и ViewSonic, како и уште неколку помали компании. Microsoft од ваквиот договор со HTC има пет пати поголема заработка отколку Windows Phone. HTC мораше да го потпише овој договор откако Microsoft ги тужеше за повреда на интелектуална сопственост. Па така за секој продаден Android телефон HTC мора да му исплати 15 долари на Microsoft.

Напишано од

Мартин Јочвески е дипломиран филолог, основач на музичкиот веб сајт, Bass Infusion, како и радио водител на Канал 103 и Студент ФМ. Покрај љубовта кон музиката, Мартин има огромен интерес за најновите остварувања во информатичката технологија и мобилната телефонија.

Коментари

Нема коментари. Отвори форумска тема и започни ја дискусијата.

Најави се и отвори тема

Напишаното ќе остане зачувано во овој прелистувач.

Мени
Заедница
Изглед
To top