0 коментари 2 мин. читање 27 септември, 2011

Samsung бара да се забрани продажбата на iPhone и iPad во Холандија

Samsung бара од холандски суд да им забрани на Apple да ги продаваат своите iPhone паметни телефони и iPad таблет компјутерите во Холандија. Според Guardian, Samsung својата тужба ја базира на тоа дека американската компанија не ја плаќа лиценцата за да ја користи 3G мобилната технологија.

Samsung во судот во Хаг има поднесено четири тужби против Apple за прекршување на патенти, и има побарано од судот додека траат судските случаи да забрани да се продаваат мобилните уреди на Apple кои ја користат 3G технологијата на корејската компанија. Под ова барање најверојатно ќе влезе и новиот iPhone5. Конечниот одговор на судот дали ќе ја забрани продажбата на iPhone и iPad ќе се знае на 14 октомври. Четирите посебни тужби ќе траат до 17 ноември.

Двата технолошки гиганта се вклучени во повеќе од 20 тужби низ целиот свет. Овој потег на Samsung  е само дел од одбраната против големиот број на тужби кои Apple ги има покренато против нив. Корејската компанија претходно се закани дека ќе бара да се забрани продажбата на новиот iPhone во Јужна Кореја. Apple веќе успеа да ја забрани продажбата на дел од производите на Samsung во Холандија, Германија, и некои други држави, а поради тужбите успеа да го одложи и продажбата на таблет компјутерот Galaxy Tab 10.1 во Австралија.

Напишано од

Мартин Јовчески

Мартин Јочвески е дипломиран филолог, основач на музичкиот веб сајт, Bass Infusion, како и радио водител на Канал 103 и Студент ФМ. Покрај љубовта кон музиката, Мартин има огромен интерес за најновите остварувања во информатичката технологија и мобилната телефонија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
To top
{title}