0 коментари 2 мин. читање 28 октомври, 2011

Samsung го претрка Apple

Според истражување на Strategy Analytics за периодот од јули до октомври, Samsung го помина Apple во испорачката на паметни телефони, иако Apple беше на првото место само еден квартал.

Samsung, во периодот од јули до октомври придонесува со 23,8 отсто од вкупниот број на испорачани паметни телефони, или 27,8 милиони телефони, додека Apple контролира со 14,6 отсто од пазарот, 17,1 милиони паметни телефони. Nokia ја задржува истата трета позиција како и од претходниот квартал со 14,4 отсто, или 16,8 милиони испорачани паметни телефони.

Според аналитичарот Алекс Спектор, успехот на Samsung се должи на комбинацијата од елегантен хардверски дизајн, популарни Android услуги, огромната глобална дистрибуција, како и на одличната продажба на моделот Galaxy S II. Според аналитичарот Нил Мостон, застојот на Apple пак се должи на одложеното лансирање на новиот iPhone 4S, лоши економски услови во неколку главни држави, како и силната конуренција од страна на новиот Samsung Galaxy S II.

Nokia го задржува водството кога станува збор за сите типови на мобилни телефони, иако продажбата е намалена. Nokia во периодот од јули до октомври има испорачано 106,6 милиони мобилни телефони, или 27,1 отсто од пазарот, што е за 31,6 отсто помалку од истиот период во 2010 година, кога имаше испорачано 110,4 милиони мобилни телефони. Samsung е на второ место со 87,8 милиони мобилни телефони, или 22,3 отсто од пазарот, што е за 23 отсто повеќе од истиот период минатата година. Потоа следат LG Electronics со 21,1 милиони, ZTE со 19,1 милиони, и Apple со 17,1 милиони испорачани мобилни телефони.

Напишано од

Мартин Јовчески

Мартин Јочвески е дипломиран филолог, основач на музичкиот веб сајт, Bass Infusion, како и радио водител на Канал 103 и Студент ФМ. Покрај љубовта кон музиката, Мартин има огромен интерес за најновите остварувања во информатичката технологија и мобилната телефонија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top