Apple во вторникот ja претстави новата генерација на iPhone, 4S, што за многумина беше и мало разочарување бидејќи се очекуваше сосема нов редизајниран iPhone, а не само подобрена верзија на iPhone 4. Доказ за ова разочарување е падот на акциите на Apple веднаш по претставувањето на новиот паметен телефон. Се разбира адутот на Apple во iPhone 4S се крие во хардверскиот дел, кој има далеку подобри перформанси од iPhone 4.
Samsung, еден од најголемите конкуренти на Apple, покрај тоа што се обидува да го забрани продавањето на iPhone 4S во некои земји, се обидува и да го искористи моментот што голем дел се разочарани од фактот дека нема нов редизајниран модел. Samsung претстави официјална споредба на спецификациите помеѓу нивниот паметен телефон Samsung Galaxy S II и новиот паметен телефон на Apple, iPhone 4S, нагласувајќи дека адутот на Apple, хардверскиот дел е всушност послаб од тој на Samsung Galaxy S II. Во прилог ја имате официјалната споредба според Samsung.

Коментари
20 коментари
Коментарите се затворени.