Samsung бара забрана за iPhone 4S во Италија и Франција

во Свет

Правната битка помеѓу Samsung и Apple сè повеќе се разгорува. Ден после претставувањето на новиот iPhone 4S, корејскиот гигант најави дека ќе поднесе барање за забрана на негова продажба во Италија и Франција. Причина за ова барање е наводното прекршување на патенти од страна на Apple.

Samsung исто така најави дека ќе поднесе тужби против Apple и во други држави низ светот за да ја сопре продажбата на новиот iPhone 4S. Според Samsung, Apple продолжува да ги прекршува интeлектуалните права бесплатно користејќи ја технологијата на корејската компанија.

Во изјавата на Samsung стои дека во среда ќе поднесе барање за прелиминарна забрана за продажбата на iPhone 4S. Ова барање се должи на прекршувањето на два патента поврзани со безжичната технологија на Samsung. Според француските и италијанските закони, можно е да се бара забрана за продажба на одреден производ пред да биде официјално пуштен во продажба.

Со овој потег Samsung продолжува со одбраната против американската компанија која пак го тужи Samsung за копирање на нивните производи и прекршување на нивни патенти. Apple веќе успеа да ја забрани продажбата на таблет компјутерот Galaxy Tab во Австралија, додека пак во Холандија успеа да ги забрани паметните телефони Galaxy S, Galaxy S II и Galaxy Ace. Samsung како одговор веќе најави дека ќе бара забрана на продажба на iPhone и iPad во Холандија и Јужна Кореја.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments