Написи тагирани со Facebook

1.123 написи
Редакција
1
Виктор Дано Друштвени мрежи Свет

Над 100-тина Maкедонци го тужат Facebook бидејќи им ја нарушил приватноста

Досега 112 македонски корисници се приклучија на интернационална граѓанска тужба против Facebook, пренесува Telegraf.mk. Корисниците ја обвинуваат друштвената мрежа дека ги прекршила европските закони за заштита на податоци, и, според Europe-v-facebook организацијата која го започна спорот во Виена, Facebook им должи по 500 евра на секој оштетен корисник. Дополнително, организацијата бара Facebook да се казни […]

0 коментари Прочитај 7 август, 2014
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Свет

Facebook ќе понуди бесплатен интернет пристап во Африка со нова Internet.org апликација

Иницијативата на Facebook, Internet.org, издаде Android и веб апликација која ќе им овозможи на жителите на државите во развој бесплатен пристап до повеќе апликации, јави Гај Росен, продукт менаџер во Facebook. „Со оваа апликација луѓето ќе можат да разгледаат низа корисни здравствени податоци, податоци за вработување или локални информациски сервиси без за тоа да плаќаат. […]

0 коментари Прочитај 1 август, 2014
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Друштвени мрежи

Нема чет без апликација! Facebook ќе ве натера да го симнете Messenger за мобилен

Facebook сега бара задолжително симнување на Facebook Messenger за сите Android и iOS корисници кои сакаат да четуваат со своите пријатели. Друштвената мрежа не ја објави задолжителната промена, која веднаш наиде на критики, туку за TechCrunch изјави дека „целта ни е да го направиме Messenger најдобра апликација за текстуални пораки достапна на мобилната платформа и […]

0 коментари Прочитај 29 јули, 2014
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Веб Друштвени мрежи

Facebook најмногу заработува од мобилната платформа

Facebook ги објави податоците за заработка во второто тримесечие на 2014. Податоците покажуваат дека сеуште најголемиот дел од приходите доаѓаат од мобилната платформа, овој пат со значителен пораст во однос на претходната година. Дури 62 отсто од заработката од реклами сега доаѓа од мобилната платформа, пред една година овој удел изнесуваше 41 отсто. Бројот на […]

0 коментари Прочитај 24 јули, 2014
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Друштвени мрежи

Facebооk сака да гледате повеќе видео, засега само преку мобилните уреди

Facebook се поупорно се обидува да постане и видео платформа. Наскоро секој пат кога корисниците ќе изгледаат некое видео на пријателите Facebook ќе им понуди и други видеа од News Feed, јави TechCrunch. Засега изгледа дека функцијата е достапна на мобилната платформа. Сервисот наликува на YouTube, па откако ќе заврши видеото покрај опцијата за повторно […]

0 коментари Прочитај 8 јули, 2014
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Друштвени мрежи Свет

Facebook гo испаничи банкарскиот сектор во Бугарија

Facebook и текст пораки беа главно оружје за креирање на паника која сериозно моежеше да го наруши банкарскиот систем на Бугарија, пишува Verge. Кризата во банкарскиот сектор започна откако премиерот на Бугарија објави дека ќе ја запре изградбата на гасоводот Јужен тек. Кризата во банкарскиот систем е предизвикана пред се од пораки по друштвените мрежи […]

0 коментари Прочитај 2 јули, 2014
Редакција
1
Виктор Дано Друштвени мрежи

Facebook го правда експериментот со манипулирање на корисниците со тажна и среќна содржина

Facebook повторно е мета на критики од разни страни поради откритието дека во 2012-та година спровел едно-неделен експеримент, заедно со два универзитето во САД, со кој го манипулирал корисничкиот News Feed. Facebook одбрал околу 689.000 корисници на кои им прикажувал само тажни или само среќни вести, со цел да го види ефектот на содржината врз […]

0 коментари Прочитај 30 јуни, 2014
Редакција
1
Виктор Дано Друштвени мрежи Мобилни

Facebook Slingshot е нов конкурент на Snapchat

Slingshot не е ништо поразлично од популарниот Snapchat, тој е апликација со која се споделуваат фотографии и видеа кои откако ќе бидат видени исчезнуваат. Но, кога е Facebook во прашање, кој има над милијарда поврзани корисници, тогаш е важно корисниците да бидат активни. Slingshot ќе ви ги прикаже споделените фотографии само ако споделите и вие […]

0 коментари Прочитај 18 јуни, 2014
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Друштвени мрежи Свет

Ирак ги блокира друштвените мрежи поради страв од исламисти

Владата на Ирак ги блокираше сајтовите на друштвените мрежи Facebook и Twitter, но и видео платформата Youtube, поради поради стравот дека исламистички бунтовници се организираат преку мрежите, и шират пропаганди. Во земјата деновиве има битки помеѓу бунтовниците и ирачката армија, па изговор зад блокирањето е дека мрежите можат дополнително да ја влошат состојбата. Наместо пристап […]

1 коментар Прочитај 17 јуни, 2014
Редакција
1
Виктор Дано Друштвени мрежи Хак-атак/Приватност

Facebook ве следи: Сега ќе ви прикажува реклами според веб историјата

Во потег што ќе ги разгневи борците за приватност, Facebook најави дека отсега ќе прикажува реклами според веб историјата – кои сајтови сте ги посетувале пред да дојдете на Facebook и на кои сајтови сте отишле откако сте биле на мрежата. До сега, друштвената мрежа таргетираше според метриките кои ги собираше од својот сајт, како […]

0 коментари Прочитај 12 јуни, 2014
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Друштвени мрежи Хардвер

Марк Закерберг сака да го продава Oculus Rift што е можно поевтино

Иако фановите на виртуелна реалност го мразат денот кога Oculus Rift се продаде на Facebook, сепак се чини дека не е се толку лошо. Има најава дека основачот на друштвената мрежа, Марк Закерберг, сака да ја направи виртуелната реалност достапна за сите, и дека уредот ќе се продава за најниска можна цена. Моментално Development Кit […]

0 коментари Прочитај 12 јуни, 2014
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Друштвени мрежи ИТ.МК

Македонците пцујат како кочијаши на Интернет

Дури 41 милион пцости и невкусни зборови се напишани на кирилица, а над 106 милиони на латинично писмо на Интернет. За жал, дигиталното насилство покрај јавните личности најчести жртви се децата, пишува Нова Македонија. Кога е во прашање ксенофобијата и национализмот на Интернет дел од корисниците имаат простор да се подобрат. Дури 25.000 клипови со […]

0 коментари Прочитај 28 мај, 2014
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Веб Свет

Скриените алгоритми кои владеат со нашето секојдневие

Во помошта која ја добиваме секојднево од алгоритмите веќе никој не се сомнева, нив ги користат компаниите, берзите, но најчесто обичните граѓани во секојдневнието. Овие моќни и неопходни алгоритмите се толку добро „скриени“ што најчесто и забораваме дека ги користиме. i09 направи листа на „сетови правила кои го дефинираат редоследот на операции“, и без сомневање […]

0 коментари Прочитај 27 мај, 2014
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Општо

Facebook потроши година дена да ги преслуша вашите омилени шоуа и песни

Facebook веќе една година работи на систем за семплирање на аудио налик на Shazam. Компанијата сака да го олесни споделувањето на овие содржини, па разви софтвер кој автоматски ќе ги препознава шоута или песните кои ќе бидат објавенa како статус. Кога корисникот ќе го вклучи микрофонот да ја препознае содржината, апликацијата често ја препознава музиката […]

0 коментари Прочитај 27 мај, 2014
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Друштвени мрежи

Facebook ќе дозволи да се манијачите и да прашувате за љубовниот живот

Facebook додаде „прашај“ копче на страните на сите кои не го објавиле статусот на „романтична врска“ во која се наоѓаат. Кога сопственикот на страната го разгледува својот профил не го гледа копчето, копчето е достапно единствено на посетителите на страната. Додаденото копче „ask“ за „relationship status“ функционира слично како и останатите oпции за прашување, на […]

0 коментари Прочитај 20 мај, 2014
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Друштвени мрежи

Facebook ќе креира MMO игра со виртуелната реалност на Oculus Rift

Facebook планира да ја искористи својата инвестиција од 2 милијарди долари во Oculus Rift да креира MMO видео игра во која се надева дека ќе учествуваат милијарда играчи. Ова го објави директорот на Oculus, Брендан Ирибе на Techcrunch Disrupt. Иако дел од MMO игрите веќе имаат неофицијални верзии за Oculus Rift (Elder Scrolls Online, World […]

0 коментари Прочитај 6 мај, 2014
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Друштвени мрежи Совети

Facebook Newswire ќе ги агрегира најдобрите вести oд целиот свет

Facebook го објави новиот сервис Newswire со кој ќе им помогне на новинарите и редакциите да пронајдат и споделат стории од друштвените мрежа на медиумите кои ги продуцираат. Newswire ќе функционира како агрегатор кој ќе прикажува одберени содржини со помош на Storyful и ќе ги сподели на едно место. Споделените информации ќе доаѓаат од поединци […]

0 коментари Прочитај 25 април, 2014
Редакција
1
Виктор Дано Друштвени мрежи

Facebook се заинтересира за фитнес; го купи креаторот на Moves

Хелсиншкиот ProtoGeo Oy, креатор на популарната фитнес апликација Moves која ви го следи буквално секој чекор и ве известува за изодената километража и потрошените калории; сега е дел од Facebook. Според Facebook, апликацијата која автоматски препознава дали одите, трчате или возите велосипед и ви прикажува минималистички извештаи, е „одлична алатка за милиони луѓе кои сакаат […]

0 коментари Прочитај 24 април, 2014
Редакција
1
Виктор Дано Друштвени мрежи Мобилни

Facebook ќе стартува платформа за мобилни реклами на F8

На престојната конференција F8, закажана за крајот на април, Facebook ќе ја претстави својата огласувачка платформа за мобилните телефони, откриваат извори за Re/code. Facebook ќе им ја понуди платформата на компаниите и огласувачите за да пласираат реклами и на мобилните телефони, користејќи го моќното таргетирање на Facebook. Платформата нема да биде за рекламирање само на […]

0 коментари Прочитај 22 април, 2014
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Друштвени мрежи

Facebook сега ќе казнува ако молите за лајкови

Дали ви здодеа постојано да ги гледате истите постови на вашиот Facebook ѕид, лажни слики и линкови кои ве носат на сосем различна содржина? Добра вест е што му здодеaа и на Facebook. Друштвената мрежа најави дека ќе воведе промена во начинот на промовирање и споделување на постовите. Отсега сите корисници кој споделуваат ист линк […]

0 коментари Прочитај 11 април, 2014
Мени
Заедница
Изглед
To top